мини|300п|десно|Споменик во негова чест пред влезот во родното село Ораов Дол
Стоилко Иваноски–Планински ( во Ораов Дол — во ) — македонски комунист, учесник во НОБ и професор. Бил носител на Партизанска споменица од 1941.
Животопис Бил член на КПМ од 1941 година, организатор на партизанското движење во областа Азот. Летото 1942 година бил уапсен од бугарската полиција. Во септември 1942 година станал политички комесар на НОПО „Димитар Влахов“. По формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“ на 18 август 1943 година на планината Славеј (Охридско), првата регуларна единица на НОВ и ПОМ, поставен е за негов политички комесар.
Бил заменик-политички комесар на баталјон во Првата македонско-косовска бригада и на партизанскиот одред „Трајче Петкановски“. Член на Првото заседание на АСНОМ и одговорен за создавањето на органите на власта во Скопската област.
По ослободувањето бил секретар на околискиот народноослободителен одбор за Велешката околија. Автор бил на повеќе книги со тематика од НОАВМ.Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, том I, стр. 589-590.
Наводи
Надворешни врски Стоилко Ивановски – Планински, „3агадочниот трговец (една Рацинова посета на Азот)“ Среде Азот зелена ливада, песна посветена на Планински
Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Луѓе од Ораов Дол Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ