Алмерија () — покраина во автономната заедница Андалусија, Шпанија. Се граничи со покраините Гранада, Мурсија и Средоземното Море. Седиште е истоимениот град Алмерија.
Покраината зафаќа површина од и брои 701.688 жители (2014). Управно е поделена на 102 општини.
Географија мини|Природниот парк „Кабо де Гата-Нихар“. Највисок планински венец во покраината е Сиера де Лос Филабрес, долг 50 км. Во покраината се наоѓа најсувото подрачје во Европа — природниот парк „Кабо де Гата-Нихар“. Сушните предели се особено значајни за филмската индустрија, и тука во 1960-тите се снимени разни вестерни, како што се За грст долари, За долар повеќе и Добриот, лошиот и грдиот. Подоцна на ова место се снимени и филмовите 800 куршуми, Конан Варваринот, Индијана Џонс и последниот крстоносен поход, Лоренс од Арабија и Патон.
Најголема река во Алмерија е Андаракс, а најголема водна површина е вештачкото езеро Бенинар, изградено за потребите на стаклениците.
Стопанство Најважната стопанска гранка е земјоделството, особено градинарски култури во стакленици. Секоја година се извезуваат милиони тони зеленчук во Европа и други континенти. Значајна улога има и туризмот поради сончевото време и привлечните места како Рокетас де Мар, Агвадулсе, Алмеримар, Мохакар, Вера и Кабо де Гата.
Индустрија Најразвиена индустриска гранка е вадењето и обработката на мермер од каменоломите во подрачјето на планината Сиера де лос Филабрес, и тоа од Макаел Вјехо до Черкос, Лихар и Кобдар, кои даваат преку 1,3 милиони тони. Обработката на мермер е во значаен подем, особено околу Канторија, Финес, Олула дел Рио и Пурчена во долината Алто Алмансора.
Наука Во Алмерија работи една од најважните астрономски центри во Шпанија — германско шпанската опсерваторииии „Калар-Алто“.
Во Табернас има истражувачки центар за сончева енергија и голем стројтрој од сончеви плочи наречен „Алмериска сончева платформа“ (Plataforma Solar de Almeria).Plataforma Solar de Almeria
Во Кабо де Гата работи центар за индустриско истражуввање на француското претпријатие „Мишлен“.
Наводи
Поврзано Список на општини во Алмерија
Надворешни врски
Управа на покраината Алмерија Стопанска комора на Алмерија Страница за „индало“ — симболот на Алмерија
Категорија:Покраини во Шпанија