мини|десно|253 Матилда — астероид од типот C. Астероиди од типот C (јаглероден астероид) — најчестиот вид на астероиди, застапен со 75 % од вкупниот број.Gradie et al. pp. 316-335 in Asteroids II. edited by Richard P. Binzel, Tom Gehrels, and Mildred Shapley Matthews, Eds. University of Arizona Press, Tucson, 1989, Се одликуваат со многу мало албедо бидејќи содржат многу јаглерод, покрај камењата и минералите. Најчесто се јавуваат по работ на астероидниот појас, на растојание од 3,5 астрономски единици (ае) од Сонцето, каде 80 % од астероидите се од овој вид; за разлика од ова, истите се застапени со само 40 % 2 ае од Сонцето. Уделот на типот C може да е и поголем бидејќи ваквите астероиди се многу потемни од сите други видови (освен типот D).

Одлики Оваа класа имаа спектри мошне слични на јаглероднохондритски метеорити (типови CI и CM). Второспоменатите имаат хемиски состав многу близок на оној на Сонцето и првобитната сончева маглина, освен тоа што немаат водород, хелиум и други испарливи елементи. Присутни се и водосодржечки (хидратни) минерали.

Астероидите од типот C се крајно темни, со албедо од 0,03 до 0,10. Голем број астероиди од типот S се гледаат со двоглед при противположба, но дури и најголемите астероиди од типот C мора да се гледаат со телескоп. Веројатно најсјајниот од нив е 324 Бамберга, но многу големото занесување не му дава да достигне доволна привидна величина.

Спектрите умерено ја задржуваат ултравиолетова светлина при бранови должини под 0,4-0,5 μм, но при поголеми должини се претежно безлични, со мало руменило. Таканареченото водно браново впивање е при 3 μм, што укажува на веројатно присуство на вода во минералите.

Најголемиот астероид кој недвосмислено му припаѓа на типот C е 10 Хигија, иако класификацијата по SMASS тука ја вбројува 1 Церера (најголемиот астероид воопшто) бидејќи нема класа G.

Астероиди од групата C

Група C (Толенова)

Во Толеновата класификација, астероидите од типот C се групираат со три помалобројни типови во пошироката група C на јаглеродни астероиди, каде спаѓаат: тип B тип C типот F типот G

Група C (SMASS)

Во класификацијата по SMASS, пошироката група C ги опфаќа следниве типови: типот B, што одговара на Толеновите типови B и F основата на типот C за астероиди со најтипични спектри во групата типовите Cg и Cgh, што одговараат на Толеновиот тип G типот Ch, со впивливост при 0,7 μм типот Cb, што одговара на преодните објекти помеѓу типовите C и B по SMASS

Поврзано Спектрална класификација на астероидите

Наводи

S. J. Bus and R. P. Binzel Phase II of the Small Main-belt Asteroid Spectroscopy Survey: A feature-based taxonomy, Icarus, Vol. 158, pp. 146 (2002).

C