„Отворена сезона“ е вториот албум на македонската хип-хоп група Клан Исток, објавен 2013 година, по првиот албум издаден 2005 година, кој е насловен како „Првиот удар“.
На овој албум работеа Братот Алек, Деко, Човекот Х и Профо, заедно со продуцентот Мац А.Д.
Албумот „Отворена сезона“ е комплетно снимен во студиото „Арена рекордс“, и е текстуално и звуковно позрел, но со истата бум бап енергија на својот претходник.
Песни Албумот го сочинуваат следните траки:
1.Интро
2.Отворена сезона
3.Кеш
4.Старо куче
5.Лично
6.Матрица
7.Деко
8.Мал одмор (скит)
9.Ладно
10.Свежо месо
11.Фамилија
12.Мало прсте
13.50-50
14.Љубовна песна
15.Аутро
Наводи
Категорија:Хип-хоп албуми Категорија:Македонски хип-хоп