Белвица () – вид ситна слатководна риба со бели, седефести крлушки; ендемски вид локализиран во Охридското Езеро.Crivelli, A.J. 2006. Salmo ohridanus. IUCN Red List of Threatened Species. Version 2010.1Lake Ohrid trouts Balkan trout restoration group
Класификација
Во постарата литература белвицата е определена дека им припаѓа на родовите Acantholingua и SalmothymusEschmeyer W (2007) Acantholingua Catalog of Fishes. California Academy of Sciences.. Генетските проучувања, сепак, покажуваат дека таа е член на родот Salmo и е најблиска до Salmo obtusirostris Ales Snoj, Enver Melkic, Simona Susnik, Samir Muhamedagic et Peter Dovc (2002). DNA phylogeny supports revised classification of Salmothymus obtusirostris. In Biological Journal of the Linnean Society, 19 August 2002, 77, 399 – 411.. Сепак таа е доста различна од балканската пастрмка.
Распространетост Распространета е во Македонија и Албанија во Охридското Езеро, каде заедно со летницата е еден од двата претставници на семејството Salmonidae и родот Salmo.
Се среќава на длабочина од 40 до 60 м.Salmo ohridanus на семрежната страница на Енциклопедија на животот Рибата е предмет на масовен риболов и се одгледува во фарми за риба од средината на дваесеттиот век.
Фактори кои ја загрозуваат популацијата на овој вид се хибридизацијата и загадувањето на водите.
Опис
Белвицата е релативно мала риба, вообичаено помала од 30 см и полесна од 0,5 кг. Може да достигне должина од 33,6 см и тежина од 685 грама.Охридската белвица е ендемски вид пастрмка со сребрена боја на телото и ретки бледи црни и црвени пеги, со поголемо око во однос на главата споредено со другите видови пастрмки како резултат на живот во подлабоките води на сублиторалот и профундалот на езерото. Има спор раст и потребно и е 12 години да достигне тежина од 1 кг. во природни услови. Се храни со зоопланктон и фауна на дно.
Полова зрелост достигнува во втората година, а мрести на два вида подлога и тоа во литоралниот регион на езерото во појасот на харата и во сублиторалниот регион на песочна подлога во појасот на живи и изумрени школки. Исто така се мрести и во близина на подводни извори на длабочини поголеми од 70 м. Најголемиот дел од популацијата се мрести во периодот од втората половина на ноември до крајот на декември, вториот врв на мрестење е во пролетниот период (март-април) и третиот во летниот период (јуни-август). Службен весник на Р Македонија бр.145
Животниот век ѝ е околу 12 години.
Значење Охридската белвица има извонредно значење како објект како за рекреативен така и за стопански риболов. Поради квалитетот на нејзиното месо, а особено по намалувањето на популацијата на охридската пастрмка се зголеми притисокот врз неа, што води кон потреба од поголема заштита на видот.
Наводи
Категорија:Пастрмоковидни Категорија:Пастрмки Категорија:Фауна на Македонија Категорија:Риби во Охридско Езеро