6 век п.н.е. започнува на 1 јануари 600 п.н.е., а завршува на 31 декември 501 пред нашата ера.

Овој век претставува врв на период во човековата историја популарно познат како Осево време. Во овој период се појавуваат пет главни мисловни струи кои извираат од пет големи мислители во различни делови на светот: Буда и Махавира во Индија, Заратустра во Персија, Питагора во Грција и Конфуциј во Кина. Панини, во Индија, ја составува граматиката за Санскрит во овој век.Ritual and mantras: rules without meaning Google Books Таа претставува најстара позната граматика на било кој јазик.

Во Западна Азија, првата половина на овој век беше доминирана од страна на Нововавилонското или Халдејско Царство, која се здоби со моќ при крајот на претходниот век, по успешен бунт против асирската власт. Јудејското Кралство пропадна во 586 п.н.е., кога вавилонските сили под водство на Навохудонозор II го заробиле Ерусалим и го прогониле поголемиот дел од населението. Кир Велики ѝ стави крај на вавилонската власт во 540-те и ја основал Персиската империја на нејзино место. Персиската империја продолжи да се шири и прерасна во најголемата империја во светот во тоа време.

Во Европа во железната доба експанзијата на Келтите била во тек. Кина била во периодот на Пролет и Есен.

Средоземје: почетокот на старогрчката филозофија, која процветува во текот на 5 век п.н.е. Период на доцната Халштатска култура во Источна Европа и Средна Европа, крајот на бронзеното време во Северна Европа Југоисточна Азија: периодот на Пролет и Есен. Конфуцијанството, легализмот и моизмот процветуваат. Лао-це го основа таоизмот Западна Азија: за време на Персиската империја, Заратустра го основа зороастризмот, дуалистичка филозофија. Ова беше исто така времето на вавилонското заробеништво на древните Евреи. Древна Индија: Буда и Махавира ги основаат Будизмот и Џаинизамот Падот на Олмечката цивилизација во Средна Америка

Настани

590-ти п.н.е. мини|150x150пкс|Споменик 1, олмечка колосална глава во Ла Вента

Средина на 6 век п.н.е.: основањето на Храмот на Олимпискиот Зевс (Атина). 598 п.н.е.: Јоахин го наследува Јоаким како цар на Јуда. 16 март 597 п.н.е.: Вавилонците го освојуваат Ерусалим; го заменуваат Јоахин со Седекија како на цар. 595 п.н.е.: Псамтик II го наследува Нечо II како крал на Египет. 594 п.н.е.: Солон е назначен за архонт на Атина; воспоставува демократски реформи. 590 п.н.е.: египетската војска ја уништува Напата, прнудувајќи го кушитскиот двор да се премести кон побезбедната локација Мерое во близина на шестиот брзак.

580-ти п.н.е. мини|152x152пкс|Гравура на оникс со натпис на Навуходонозор II мини|193x193пкс|Средновековна претстава на Талес

589 п.н.е.: Априј го наследува Псамтик II како крал на Египет. 588 п.н.е.: Невуходонозор II ја започнува опсадата на Ерусалим; според некои извори датумот е 587 п.н.е. 587 п.н.е./586 п.н.е.: Ерусалим паѓа под власт на Вавилонците, ставајќи му крај на Јудејското кралство. Освојувачите го уништуваат Соломоновиот храм и ги прогонуваат останатите жители. Започнува вавилонското заробеништво на Евреите. 586 п.н.е.: смртта на кралот Динг од Џоу, кралот на династија Џоу 28 мај 585 п.н.е.: има затемнување на сонцето како што е предвидено од Талес, додека Алијат II се бори со  Кијаксар. Ова доведува до примирје. Овој е еден од кардиналните датуми според кој други датуми можат да бидат пресметани. 585 п.н.е./584 п.н.е.: Астијаг го наследува Кијаксар како цар на Медијците. 585 п.н.е.: кралот Џиан од Џоу станува цар на династијата Џоу. 583 п.н.е.: Вавилонците ја започнуваат опсадата на Тир. 582 п.н.е.: Питијските игри се основани во Делфи (традиционален датум). 580 п.н.е.: Камбис I го наследува Кир I како крал на Аншан и поглавар на Археменидската династија (приближен датум). 580 п.н.е.: Истмијанските игри се основани во Коринт (традиционален датум)

570-ти п.н.е.

579 п.н.е.: Сервиј Тулиј го наследува Тарквиниј Приск по неговиот атентат како крал на Рим (традиционален датум). 573 п.н.е.: Немејските игри се основани во Немеја (традиционален датум). 572 п.н.е.: смртта на кралот Џиан од Џоу, кралот на династија Џоу во Кина. 571 п.н.е.: кралот Линг од Џоу станува цар на династијата Џоу во Кина. 570 п.н.е.: Амасис II го наследува Априј како крал на Египет. 570 п.н.е.: Питагора од Самос е роден (приближен датум). 570 п.н.е.: крајот на вавилонската опсада на градот Тир со делумна победа на Вавилонците. Таа беше најдолгата опсада на градот во историјата и траела 13 години.

560-ти п.н.е. мини|150x150пкс|Клез на клада, атичка амфора мини|150x150пкс|Фаравахар, симбол на зороастризмот во Персеполис

568 п.н.е.: Амталга го наследува неговиот брат Аспелта како крал на Куш. 562 п.н.е.: Амел-Мардук го наследува Навохудонозор II како цар на Вавилон. 560 п.н.е.: Нериглисар го наследува Амел-Мардук како цар на Вавилон. 560 п.н.е./561 п.н.е.: Крез станува крал на Лидија. 560 п.н.е.: Писистрат го освојува акрополот во Атина и се декларира како тиранин. Тој е соборен истата година.

550-ти п.н.е.

550-ти п.н.е.: Картагина ги освојува Сицилија, Сардинија и Корзика. 559 п.н.е.: кралот Камбис I умира и е наследен од страна на неговиот син Кир Велики. 558 п.н.е.: Хегесиј е отстранет како архонт на Атина. 558 п.н.е.: кинеската држава Џин го поразува својот соперник Цин во битка. 556 п.н.е.: Писистрат е протеран од Атина во Евбеја. 556 п.н.е.: Лабаши-Мардук го наследува Нериглисар како цар на Вавилон. 556 п.н.е./555 п.н.е.: Небонид го наследува Лабаши-Мардук како цар на Вавилон. 550 п.н.е.: Абдера е уништена од страна на Тракијците. 550 п.н.е.: Кир II Велики го поразува Астијаг, основајќи ја Персиската империја. 550 п.н.е.: доцниот Мумунски период започнува во Корејскиот Полуостров.

540-ти п.н.е.

547 п.н.е.: Крез, кралот на Лидија, е поразен од Кир Велики во близина на реката Кизил. 546 п.н.е.: Кир Велики го завршува своето освојување на Лидија и го прави Пасаргад неговиот капитал. 544 п.н.е.: луѓето од Теос мигрираат во Абдера, Тракија за да го избегнат нападот на Персија. 544 п.н.е.: кралот Џинг од Џоу станува цар на династијата Џоу во Кина. 543 г. п.н.е.: принцот Виџаја воспоставува синхалешка династија во Шри Ланка. 543 г. п.н.е.: Писистрат, тиранин на Атина, го прочистува островот Делос (приближен датум). 540 п.н.е.: грчкиот град Елеја е основан во Јужна Италија (приближен датум). 540 п.н.е.: Персијците го освојуваат ликијскиот град Ксантос, денес во јужниот дел на Турција (приближен датум).

530-ти п.н.е. мини|150x150пкс|Гробот на Кир во Пасаргад

539 ПР.Н.Е.: Вавилон е освоен од страна на Кир Велики, кој го порази Небонид. 538 п.н.е.: враќање на некои Евреи од вавилонски егзил кои потоа го градат Вториот ерусалимски храм околу седумдесет години по уништувањето на Првиот храм, од 520 п.н.е.–516 п.н.е. 537 п.н.е.: на Евреите транспортирани до Вавилон им е дозволено да се вратат во Ерусалим, со што завршува вавилонското заробеништво. 536 п.н.е.: според традицијата, библискиот пророк Даниел добива ангел-посетител.Daniel 10:4 Bible Online 534 п.н.е.: Тарквиниј Гордиот станува крал на Рим. 534 п.н.е.: натпревари за трагедија се воспоставени во Дионисизијскиот фестивал во Атина. 530 п.н.е.: Камбис II го наследува Кир како крал на Персија.

520-ти п.н.е. мини|150x150пкс|Гаутама Буда

528 п.н.е.: Гаутама Буда добива просветлување и го основа будизмот во Индија кој станува голема светска религија. 526 п.н.е.: Псамтик III го наследува Амасис II како крал на Египет. 525 п.н.е.: Камбис II, владетел на Персија, го освојува Египет, поразувајќи го Псамтик III. Ова се смета за крајот на дваесет и шестата династија и почетокот на дваесет и седмата династија. 522 п.н.е.: Смердис го наследува Камбис II како владетел на Персија. 522 п.н.е.: Вавилон крева бунт против персиската власт. 521 п.н.е.: Дариј I го наследува Смердис како владетел на Персија. 521 п.н.е.: вавилонскиот бунт против персиската власт е потиснат 520 п.н.е.: кралот Дао од Џоу станува цар на династија Џоу на Кина, но умира пред крајот на годината 520 п.н.е.: Клеомен I го наследува Анаксандрид II како крал на Спарта (приближен датум)

510-ти п.н.е. мини|213x213пкс|Лао-це

519 п.н.е.: кралот Џинг од Џоу станува крал на династијата Џоу во Кина. 516 п.н.е.: Индиски Потконтинент—завршува окупацијата на Пенџаб од страна на персискиот цар Вистаспа. 12 март 515 п.н.е.: завршува изградбата на Ерусалимскиот храм. 514 п.н.е.: Кралот Хелјо од Ву го основа "Големиот Град Хелјо", антички назив на Вуси, како негов капитал во Кина. 513 п.н.е.: Дариј I ги поразува Гетите и источна Тракија во неговата војна против Скитите. 512 п.н.е.: Македонското кралство, за време на кралот Аминта I, станува вазална држава на Археменидската империја. 510 п.н.е.: Хипиј, син на Писистрат и тиранин на Атина, е протеран од страна на популарен револт поддржан од Клеомен I, кралот на Спарта и неговите сили. 510 п.н.е.: крај на владеењето на Траквиниј Гордиот, последниот од традиционалните седум кралеви на Рим. 510 п.н.е.: воспоставување на Римската Република. 510 п.н.е.: Демарат го наследува Аристон како крал на Спарта (приближен датум).

500-ти п.н.е.

13 септември 509 п.н.е.: храмот на Јупитер на римскиот Капитолиј е посветен на идите на септември. 508 п.н.е.: титулата pontifex maximus е создадена во Рим. 507 п.н.е.: Клистен, грчки реформатор, ја презема власта и ја зголемува демократијата. 506 п.н.е.: Битката кај Боју: силите на Кралството Ву под водство на Сун-цу ги поразуваат силите на Чу. 505 п.н.е.: избрани се првите римски конзули. 4 декември 502 п.н.е.: сончево затемнување се случува во Египет (пресметано, без јасен историски запис). 502 п.н.е.: Латинската лига ги порази Етрурците под водство на Ларс Порсена во Арича. 502 п.н.е.: Наксос се бунтува против персиската доминација, предизвикувајќи го Јонскиот револт. 501 п.н.е.: Клистен ја реформира демократијата во Атина. 501 п.н.е.: Наксос е нападнат од Персиската империја. 501 п.н.е.: како одговор на заканите од Сабините, Рим ја создава титулата диктатор. 501 п.н.е.: Конфуциј е назначен за гувернер на Чунг Ту. 501 п.н.е.: Гадир (денешен Кадис) е заробен од Картагина (приближен датум). 500 п.н.е.: луѓето што зборуваат на Банту мигрираат во југозападна Уганда од запад (приближен датум). 500 п.н.е.: бегалците од Теос се преселуваат во Абдера. 500 п.н.е.: Дариј I од Персија прогласува дека арамејскиот јазик е службен јазик на западниот дел од неговата империја. 500 п.н.е.: го означува крајот на цивилизацијата на нордиското бронзено време според системот за периодизација на Оскар Монтелиј и започнува предримското железно време. 500 п.н.е.: основање на првата република во Вајшали, Бихар во Индија.

Непознати настани

Персијците почнуваат да ја освојуваат власта. Персијците доминираат во источното Средоземје. Персијците под водство на Дариј I и подоцна Кир Велики ја напаѓаат Трансоксијана. Картагинската трговска империја полека доминира на западното Средоземје. Тао те кинг е напишан (традиционален датум). Конфуциј го формулира неговиот етички систем познат како конфуцијанство, кој се покажа како мошне влијателен во Кина. Синхалезите емигрираат во Шри Ланка. Книгата на Псалмите е напишана. Абхазија е колонизирана од страна на Грците. Појава на прагерманската јасторфска култура. Храмот Б во Селинут, Сицилија, е изграден. Аутаријатските заедници се обединуваат и прошируваат кон Трибалите на исток и Ардијејците на југ.

Значајни луѓе мини|200x200пкс|Солон мини|212x212пкс|Дариј I мини|160x160пкс|Луциј Јуниј Брут мини|160x160пкс|Питагора мини|120x120пкс|Лао-це мини|180x180пкс|Сафо мини|188x188пкс|Есхил 120px|мини|Езоп мини|180x180пкс|Сун-цу

Политички водачи

Аминта I, кралот на Македонија Астијаг, кралот на Медијците Бијант Пријенски, грчки мудрец Калимах, атински генерал Камбис II, кралот на Персија Хилон, грчки мудрец Клистен, тиранин на Атина Клеомен I, кралот на Спарта Крез, кралот на Лидија Кијаксар, кралот на Медијците Кир Велики, цар на Персија Дариј I, цар на Персија