Свети Атанасиј — главна селска црква во горнореканското село Ничпур. Црквата се наоѓа на неколку стотина метри југоисточно од селото.

Историја Според мермерните плочи поставени околу влезната врата, црквата била обновена во периодот 1995-1996, а истата била осветена на 15 мај 1997 година.

Во 2014 година, црквата била ограбена и од неа биле одземени пет икони.Ф., М. и Д., С.. „Украдени икони од црквата „Св. Атанасиј“ во Ничпур “. Макфакс. 3 март 2014

Архитектура Градбата на црквата има четириаголна основа со полукружна апсида во задниот дел. Главната влезна врата е сместена од западната страна, а над неа има ниша со малтерисан крст и натпис во него. На јужната страна има споредна врата, над која има ниша со ликот на Свети Атанасиј, а околу неа има две мермерни плочи со податоци за годините на обнова и осветување на црквата. Објектот е изграден од камен и е покриен со лимен кров.

Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата има примитивен изглед и се состои од четири железни столбови кои образуваат квадратна основа и се покриени со лимен кров.

Галерија

Поврзано Ничпур Тетовско-гостиварска епархија Гостиварско архијерејско намесништво Мавровска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Ничпур Ничпур