Диего Себастијан Лаксалт Суарес (роден на во ) — уругвајски професионален фудбалер кој настапува за Динамо Москва и за Уругвај.

Кариера Диего Лаксалт е роден во Монтевидео. Лаксалт го направил своето професионално деби на 1 септември 2012 година со Дефенсор Спортинг во победата од 4-0 против Монтевидео Вондерерс. На 24 февруари 2013 година, по одличната изведба на Јужноамериканското првенство во фудбал до20 години, во 2013 тој се вратил на теренот со дресот на Виолета во гостинската игра против Насионал Монтевидео.

Интер го купил Лаксалт во јануари 2013 година, но тогашниот тренер на Интер, Валтер Мацари не го вклучил во претсезонскиот состав и тој ја поминал сезоната на позајмица во Болоња ФК 1909.

По враќањето, тој бил позајмен на ФК Емполи, а веќе следната сезона и на ФК Џенова, каде по една помината сезона (2015–2016) бил откупен неговиот договор. Во 2018 година потпишал за ФК Милан, додека следната 2019 година по одиграни 20 натпревари бил даден на позајмица во ФК Торино.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Дефенсор Спортинг Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Фудбалери на ФК Емполи Категорија:Фудбалери на ФК Џенова Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери на ФК Селтик Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Москва Категорија:Уругвајски фудбалери