Џамија во Нистрово — главна и единствена џамија во горнореканското село Нистрово. Џамијата се наоѓа во западниот дел од селото, непосредно од десната страна на патот кој продолжува кон селото Жужње.

Архитектура Градбата на џамијата има четириаголна основа и се состои од два дела. Првиот има квадратна основа и во него е сместен главниот молитвен простор. Вториот е понизок, претставува продолжение од западната страна и во него е сместен влезниот простор во објектот. На ѕидовите од џамијата има неколку залачени прозорци во два реда. Во дворот на џамијата се сместени и селските гробишта.

Поврзано Нистрово Гостиварско муфтиство

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Нистрово Категорија:Џамии во Општина Маврово и Ростуше Категорија:Џамии во Гостиварското муфтиство