Пресвета Богородица — главна и единствена црква во долнореканското село Јанче. Црквата се наоѓа во јужниот дел од селото.

Историја Во првата половина на 2014 година, непознати сторители влегле во црквата преку прозорец од задната страна и украле три поголеми и една помала икона со старост поголема од еден век.С., С.. „Ограбена црквата во село Јанче“. МРТ. 2 март 2014.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида во задниот дел. Главната влезна врата е сместена на западната страна и над неа има ниша со ликот на Богородица и Исус, а до внатрешноста на храмот води и споредба врата сместена од северната страна. На ѕидовите од црквата има повеќе прозорци. Црквата е градена од камен и е покриена со кров од ќерамиди.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда, а во него се наоѓаат помошен објект и камбанаријата. Камбанаријата е со правоаголна основа и истата се состои од два дела. Во долниот дел е отворена од сите страни, додека во горниот има по една голема монофора на западната и источната, како и по една голема бифора на северната и јужната страна. Покриена е со пирамидален лимен кров. Од надворешната страна на оградата, непосредно од десната страна на портата има чешма со натпис на српски јазик.

Галерија

Поврзано Јанче Дебарско-кичевска епархија Дебарско архијерејско намесништво Дебарско-реканска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Јанче Јанче