Димитар Делипетров (роден на во Штип) — македонски кошаркар. Тој настапува за кошаркарскиот клуб Академија ФМП.
Кариера Клупски настапи Сезоната 2010/11, Димитар бил член на Фени Индустри. Сезоната 2011/12 ја започнал во Фени Индустри и таму играл сè до декември 2011 година бидејќи бил даден на позајмица. Таа сезона ја завршил во Втората лига 2011/12, односно во екипата на Гоце Делчев. Во 2012/13, Делипетров одиграл уште една сезона во Гоце Делчев. Во сезоната 2013/14, Димитар останал во редовите на Гоце Делчев и ја освоил Втората лига. За сезоната 2014/15, Делипетров продолжил во Гоце Делчев, овој пат како прволигаш. Сезоната 2015/16, Делипетров првата полусезона ја поминал во Кожув. Потоа, во јануари 2016 година, Делипетров се преселил во Бест и таму ја завршил сезоната. Сезоната 2016/17, Димитар станал играч на Струмица. За сезоната 2017/18, тој ја продолжил соработката со Струмица. За сезоната 2018/19, Делипетров се преселил во Блокотехна. Со Блокотехна, Делипетров ја освоил Балканската лига 2018/19. Истата сезона, Делипетров со Блокотехна станал вицепрвак во Купот 2019. За сезоната 2019/20, Делипетров станал играч на новиот прволигаш Академија ФМП.
Репрезентативни настапи Делипетров бил член на македонската репрезентација под 16 години и со неа настапил на Европското првенство - Б Дивизија во 2008 година. Тој исто така бил вклучен и во македонската репрезентација под 20 години со која настапил на Европското првенство - Б Дивизија во 2011 и 2012 година.
Успеси Титули Фени Индустри Прва македонска лига (1) : 2010/11 Гоце Делчев Втора македонска лига (1) : 2013/14 Блокотехна НБ Балканска лига (1) : 2018/19
Наводи
Надворешни врски Профил на Димитар Делипетров на eurobasket.com Профил на Димитар Делипетров на archive.fiba.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Кошаркари од Штип