Рождество на Пресвета Богородица — главна манастирска црква на Согленскиот манастир во азотското село Согле, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа околу 2,5 километри над селото Согле, во месноста Бачилиште.

До црквата води земјен пат кој се исклучува од регионалниот пат 2336 кај селото.

Историја

За црквата нема многу информации, но може да се претпостави дека црквата потекнува од постаро време, односно пред селото да биде населено со муслимани. Градбата на црквата веројатно била изведена некаде во XIV или XV век.

Во периодот 1850-1855 биле вршени поправки на црквата. Според истражувачот Јован Трифуноски, црквата била изградена во 1856 година, кога во Согле уште имало христијани.

Архитектура

Црквата на манастирот е куполна и мала.

Фрескоживопис

Црквата не поседува фрескоживопис.

Икони и иконостас

Црквата има иконостас.

Галерија

Поврзано Велешко архијерејско намесништво Богомилска парохија Согле

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Согленски манастир Согле