Целосното затемнување на Месечината на 27 јули 2018 г. се случило кога Месечината минала низ средиштето на Земјината сенка. Ова е прво средишно затемнување на Месечината од 15 јуни 2011 г. Претставува второто целосно затемнување на Месечината во 2018 г. по она во 31 јануари.

Затемнувањето се случило кога Месечината била на најголема далечина од Земјата, поради што таа изгледала помала од вообичаено (појава наречена микромесечина), и има најмала брзина во орбитата околу Земјата. Ова е најдолготрајното целосно затемнување на Месечината во целиот XXI век. Целосната затемнетост траела 1 час и 43 минути, што е само малку покусо од теоретската граница од 1 час и 47 минути. Месечината останала барем делумно во Земјината сенка четири часа.

Истовремено на ова затемнување, планетата Марс била на најмала можна оддалеченост од Земјата — совпаѓање кое се случува еднаш на 25.000 години.

За затемнувањето Затемнување на Месечината се јавува кога таа ќе пристапи во Земјината сенка. Како што почнува затемнувањето, Земјината сенка отпрвин само малку ја затемнува Месечината. Потоа сенката постапно покрива повеќе, и Месечината добива темна црвенокафеава боја (или нешто поинаква, зависно од атмосферските услови). Црвеникавоста се должи на Рејлиевото расејување (истото што му дава црвена боја на залезот и сина боја на дневното небо) и прекршувањето на таа светлина од Земјината атмосфера во нејзината сенка.

Сјајноста на Месечината е преувеличена од сенката. Нејзиниот јужен дел бил најблиску до средиштето на сенката, што го прави најтемен и нацрвен на изглед. мини|480п|Анимација на минувањето на Месечината низ Земјината сенка во јули 2018 г.

Видливост мини|300п|Широк поглед на затемнвуањето и Марс од Мелбурн, Австралија. мини|480п|Низа на затемнувањето, гледано од Давао, Филипини. Затемнувањето било целосно видливо од Источна Африка, Јужна Африка, Јужна Азија и Средна Азија, изгревајќи над Јужна Америка, Западна Африка и Европа и заоѓајќи во Источна Азија и Австралија. {|.]]

Дијаграм 480п

Набљудувања

Поврзано Список на затемнувања на Месечината

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Затемнувања на Месечината Категорија:Науката во 2018 година