Свети Пантелејмон — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2018 година.
Опис Лице На лицето, во средишниот дел од монетата е прикажан Грбот на Република Македонија, а под него годината на издавање „2018“. Во горниот дел на македонски е испишана деноминацијата „10 денари“, додека во долниот дел исто така на макеедонски јазик името на земјата која ја издава кованата пара „Република Македонија“. На обете страни од монетата долж вертикалните рабови има цветен украс.
Опачина На опачината, во средишниот дел од монетата е прикажан ликот на Свети Пантелејмон со испечатен златен ореол и украс во позадина. Над ликот на светецот се поставени два сини кристали Сваровски. Долж вертикалните рабови е испишано името на светецот кој е прикажан на парата, а во долниот лев агол е испишана ознаката „Аg 925“.
Поврзано Свети Пантелејмон
Наводи
Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ