мини|десно|Абебе Бикила Абебе Бикила (амхарски:: አበበ ቢቂላ; Јато, 7 август 1932 — Адис Абеба, 25 октомври 1973) бил етиопски атлетичар, двапати олимписки победник во маратон.

Олимписки победи и настапи Абебе Бикила станал национален херој по победата на Олимписките игри во Рим во 1960 година, постигнувајќи најдобро време во светот на маратоните со време од 2 часа, 15 минути и 16.2 секунди.

Вториот пат тој триумфирал на Игрите во Токио 1964. Иако само 6 недели пред игрите имал операција на слепото црево, сепак повторно победил со нов најдобар светски резултат со време од 2 часа, 12 минути и 11.2 секунди.

Бикила настапувал и третпат последователно  на Олимписките игри во градот Мексико 1968 година, но повеќе не бил во победничка форма т.с. застанал по претрчани 17 километри.

Со секој свој настап Бикила го задивил светот:

Во приликата на олимписката победа во Риу Бикила трчал бос. Наводно така се навикнал да трча, т.с. не се чувствувал добро кога трчал во какви било обувки. Сепак, на следните игри ги прифатил обувките, па во Токио стигнал трет во атлетски шпринт. Победата во Токио дошла по оздравувањето од операцијата 6 седмици порано, која многу влијаела  на планот за тренинг и подготовките. Сепак, Бикила бил толку супериорен што по истрчувањето пред целта некое време  ја забавувал публиката правејќи различни скокови и други вежби, додека  негови конкуренти полека влегувале во целта целосно исцрпени. На игрите во Мексико не бил во форми заради  високата надморска височина на кое се одржал натпреварот. Сепак, со својата поддршка му помогнал на својот репрезентативец Мамо Волдеу да дојде до победа и да ја задржи доминацијата во Етиопија и во маратонските трки.

Медали

злато - маратон Рим 1960, злато – маратон Токио 1964.

По кариерата За жал, Бикила не уживал долго време во добро заслужениот статус на спортски легенди и национален херој во Етиопија. Тој доживеал сообраќајна несреќа во 1969 година, а потоа останал парализиран од половината надолу. Неколку години подоцна од компликациите на оваа повреда  починал.

Во негова чест, стадионот во главниот град на Етиопија, Адис Абеби бил именуван по него. Улицата во Белград во областа на Алтина исто така го носи неговото име.

Наводи

 Надворешни врски Профил и олимпијски резултати на sports-reference.com

Категорија:Етиопски атлетичари Категорија:Маратонци Категорија:Родени во 1932 година Категорија:Починати во 1973 година