алт=Халоперидол (Haldol)|мини|Халоперидол (Haldol) Невролептичен злоќуден синдром (НМС) е живото-загрозувачка реакција која може да се појави како одговор на употребата на невролептичен или антипсихотичен лек. Симптомите вклучуваат треска, конфузија, ригидна мускулатура, варијабилност на крвниот притисок, потење, и забрзана срцева честота. Можните компликации вклучуваат рабдомиолиза, хиперкалиемија, бубрежна слабост, и епилептични напади.
Било кој лек од групата на невролептици може да ја предизвика оваа состојба, иако ризикот е поголем кај типичните антипсихотици отколку кај атипичните. Симптомите вообичаено се појавуваат неколку недели од почетокот на терапијата, но може да се појават и во било кое време. Ризик-факторите вклучуваат дехидратација, агитација и кататонија. Брзо намалување на употребата на леводопа може да биде тригер за оваа состојба. Механизмот на настанување вклучува блокада на допаминските рецептори. Дијагнозата се поставува врз основа на симптомите.
Третманот вклучува престанок на земање на лекот, брзо ладење, и започнување со употреба на други лекови. Лекови кои се користат се дантролен, бромокриптин и диазепам. Ризикот за смртност кај заболените е околу 10%. Многу од пациентите можат повторно да започнат со употреба на антипсихотик, во пониска доза.
Помеѓу пациентите во психијатриски болници кои примаат невролептици околу 15 на 100,000 пројавуваат НМС на годишно ниво. Мажите се почесто погодени од жените. Во втората половина на 20 век стапките биле поголеми од денес, со околу 2% од луѓето во болниците на годишно ниво. Оваа состојба за првпат била опишана во 1956 година.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Антипсихотици Категорија:Синдроми Категорија:Итни медицински состојби