Погледајте и Rolls-Royce Phantom за други модели со исто име
Ролс-Ројс Фантом — ултралуксузен автомобил од Rolls-Royce, подружница на БМВ, во Велика Британија. Пуштен е во продажба во 2003 г. и е првиот модел на Ролс-Ројс во сопственост на БМВ.
Особености Има 6,75 литарски, 48-вентилски, V12 мотор кој дава 453 КС (338 kW) и 720 N·m) момент на сила. Моторот е изведен од постоечкиот V12 мотор на BMW.
Автомобилот е висок 1,63 м, широк 1,99 m и долг 5,83 м, и тежи 2485 кг. Каросеријата е направена од алуминиумски костур, а возилото има забрзување од 100 км/ч за 5.7 сек. Има шестбрзински автоматски менувач и двојнојадечна амортизација.
Во март 2005 g. е претставен Фантом со продолжено оскино растојание на Женевскиот автосаем, кој е за 250 мм подолг од стандардниот.
Од 2007 во производство е кабриолетот Фантом Drophead Coupé.
Дизајн BMW вложиле многу напори за да го различат од нивните возила. Иако 15% од елементите ова возило ги дели со други BMW возила (како BMW Серија 7), Фантом ги има задржано традиционалните особини на Ролс-Ројс.
Намерата била возилото да не изгледа само како уште еден автомобил од BMW. Кога Мерцедес-Бенц го лансирале нивниот Maybach, тие биле критикувани за произведување на „ултимативен Mercedes“ наместо автомобил од засебна марка. Автомобилот делел многу елементи со и изгледал како поевтиниот седан од S-класата. БМВ од ова извлекле поука, продавајќи го Фантом во посебни салони, додека салонот на Maybach во Лондон истот ака продава и наједноставни модели на Mercedes.
Алуминиумскиот костур се прави во BMW фабрика во Динголфинг, Германија а V12 моторот во Минхен. Крајното склопување, како и сета кожа и дрвенарија, по желбите на секој поединечен купувач се прават во погон во Гудвуд, Западен Сасекс, Англија. Во погонот има само два робота за бојадисување; сѐ друго се прави рачно, во согласност со традицијата на Rolls-Royce.
Новитети Наместо обртомер, авцтомобилот има сказалка за резерва на моќ која покажува уште колку од силата на автомобилот му преостанува на возачот. Задните врати имаат шарки назад, стил пошто наречен самоубиствени врати, но нарелен 'кочиска врата' од Rolls-Royce. Вратите се затвораат на стисок на копче со помош на хидраулика. Електронски се заклучуваат за да се избегне случајно отворање на вратите додека се вози. Задните врати во себе носат чадори кои отскокнуваат од лежиштата. Во лежиштата има пропелери за ладење кои ја острануваат влагата кога чадорите стојат внатре. Духот на Екстазата (знакот напред) има механизам за автоматско електронско вовлекување против кражба и за безбедноста на пешаците во случај на несреќа. Истото се вовлекува и однатре на копче. Логата 'RR' на раткапните имаат посебни лежишта за да можат секогаш да бидат исправени додека тркалата се вртат.
Продажба +Годишни продажбиГодинаПродадено200330020047922005796200680520071010Total3703 BMW имаат поставено животна производна граница на 10.000 примероци на Фантом. Основната цена е £250,000 во Обединетото Кралство и $340,000 во САД. Во јули 2006, Rolls-Royce направиле ограничено издание од 25 автомобили наречено Фантом Блек
Наводи
Надворешни врски Официјален портал
Phantom (2003) Категорија:БМВ возила Категорија:Луксузни автомобили Категорија:Луксузни возила Категорија:Престижни возила Категорија:Автомобили од 2000-тите