мини|Ернесто Лаклау Ернесто Лаклау (шпански: Ernesto Laclau; 6. октомври 1935 — 13. април 2014 година) — аргентински политички филозоф. Често за него се зборувало дека е постмарксист. Познат е по соработката со својата долгогодишна партнерка Шантал Муфе.
Кариера Тој студирал историја во Буенос Аирес, каде што дипломирал на Универзитетот во Буенос Аирес 1964 година, и докторирал на Универзитетот во Есекс во 1977 година.
Од 1986 година тој предавал на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Есекс, каде што тој ја основал и ја водел програмата на постдипломските студии од предметот идеологија и анализа на дискурсот, како Центар за теориски истражувања во општествените студии и општествените науки.
Под негово водство, програмите на идеологијата и анализата на дискурсот обезбедиле основа за проучување на конкретен тип на анализа на дискурсот, кој се потпира на постструктурентната теорија (особено, работата Фердинанд де Сосир, Жак Дерида и Лудвиг Витгенштајн) и психоанализа (особено на работата на Жак Лакан), како би обезбедила напредна анализа на конкретни политички појави како личност, говор, и хегемонија. Оваа теоретска и аналитичка ориентација е денес познат како „Школа на анализа на дискурсот“.Погледај Јул Тауншенд (Jules Townshend), 'Теорија Дискурска и политичке анализе (Discourse theory and political analysis): нова парадигма из Есекс Школе?’, Британски Дневник Политике и Међународних осноса (British Journal of Politics and International Relations), 5. изд јануари бр. (февруари 2003). стр. 129—142.
За време на неговата кариера, Лаклау предавал на универзитетите ширум Северна и Јужна Америка, Европа, Австралија и Африка. Универзитет Сани Бафало и Северозападниот Универзитет бил последен на кој тој предавал.
Починал во Севиља во 2014 година, од срцев удар.
Животопис Лаклау, студирал историја на Универзитетот во Буенос АиресCuáles eran las principales ideas de la obra de Ernesto Laclau - La Nacion, 13 April 2014) до 1969 година, кога британскиот историчар Ерик Хобсбаум го поддржал неговото пристигнување во Оксфорд.Las manos en la masa - Ernesto Laclau contra Negri, Hardt y Zizek, Pagina/12, June 5, 2005 (шпански) тој бил близок со Хорхе Абелардо Рамос, основачот на организацијата ПСИН. Во некои интервјуа, тој тврдел дека дошол со семејството Јиргојен, и дека перонистичкиот политичар Артур Јауарче, моќен непријател на Јустовата диктатура, за време на неславната деценија на 30те години на дваесеттиот век, бил близок пријател на неговиот татко.
Во следните години, биле тесно поврзан со Аргентинската социјалистичка конфедерацијаUna apuesta por la transformación - La Vanguardia и во Аргентина бил поврзан со перонизмот.Ernesto Laclau, el ideólogo de la Argentina dividida - Perfil, 14 April 2014
Работа Лаклауовите најрани дела биле под влијание на алтисеровскиот марксизам и е фокусиран на проблемите во нео-марксистичките кругови на 70-тите години на XX век, како што е улогата на државата, динамиката на капитализмот, важноста на градење на популарни движења и можноста на револуцијата. Во 2001 година во предговорот на второто издание на книгата, Лаклау и Муфе признале дека тие самите се постмарксисти.
Книги
Политиката и идеологијата во марксистичката теорија, 1977 година Хегемонија и социјална стратегија, 1985 Нови осврти на Револуција на нашето време, 1990 Еманципација, 1996 Непредвидени ситуации, хегемонија, универзалност), 2000 Причините на популизмот, 2005
Повеќе
Славој Жижек Популизам Антонио Грамши Перонизам
Наводи
Категорија:Родени во 1935 година Категорија:Починати во 2014 година Категорија:Аргентински политичари Категорија:Аргентински филозофи