Матео Гендузи (француски: Mattéo Guendouzi, 14 април 1999) — француски фудбалер, на Лацио и на француската репрезентација.

Клупска кариера Почетоци Гендузи ја започнал својата кариера во академијата на Париз Сен Жермен. Сепак, во 2014 година, тој го напуштил Париз, за да се приклучи на екипата на Лорјан.

Лорјан Своето деби за Лорјан, Гендузи го направил на 15 октомври 2016 година, во натпреварот од Лига 1 Лорјан- 1-2. Тој забележал девет настапи во сите натпреварувања, за време на својата дебитантска сезона, која завршила со испаѓање на Лорјан во Лига 2. Веќе следната сезона, тој станал стартер во тимот забележувајќи 18 настапи во Лига 2. thumb|left|upright=0.9|Гендузи на тренинг со екипата на пред финалето на Лига Европа во 2019.

Арсенал На 11 јули 2018, Гендузи бил купен од Арсенал за необјавена сума. Своето деби го направил на 12 август 2018, играјќи како стартер на отварањето на сезоната во Премиер лигата против бранителите на титулата Манчестер Сити во поразот со 0-2. На 4 октомври, го постигнал својот прв гол во дресот на Арсенал, при победата со 3-0 над Карабах во Лига Европа. Во споменатото натпреварување Tопџиите догурале дури до финалето, каде биле поразени од градскиот ривал со 4-1, а Гендузи во тој натпревар влегол како замена во 66-тата минута на местото на Лукас Тореира.

Следната сезона, Гендузи одиграл три натпревари натпревари за Арсенал во нивната победничка кампања во ФА Купот, но не играл во финалето добиено со 2-1 против Челси, поради повреда.

Херта Берлин На 5 октомври 2020, бил позајмен на Херта Берлин во Првата Бундеслига.

Марсеј На 6 јули 2021, се преселил во на позајмица до крајот на сезоната, со опција за откуп. Откако одиграл одлична сезона во која забележал 56 настапи и 5 гола, бил откупен од клубот за 9 милиони евра.

Лацио На 31 август 2023, Гендузи му се приклучил на на заем до крајот на сезоната со право на откуп, кој може да стане задолжителен доколку се исполнат одредени услови. Дебитирал за Лацио на 2 септември, играјќи во првенствената победа со 1-2 на гости кај Наполи. На 5 декември го постигнал својот прв гол за бјанкочелестите, одлучувачки за победата со 1-0 над Џенова во Купот на Италија и пласман во четвртфиналето. Седумнаесет дена подоцна, тој исто го постигнал својот прв гол во Серија А, отворајќи го резултатот во успехот со 2-0 над Емполи.

Репрезентативна кариера Гендузи играл за младите репрезентации на Франција под 18, под 19, под 20 и под 21 година.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 16 ноември 2021, во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022 против во Хелсинки, кој завршил 2-0 за Франција.

Хронологија на репрезентативните настапи

Титули Арсенал ФА Куп : 1 2019-2020 ФА Комјунити Шилд : 1 2020

Франција УЕФА Лига на нации : 1 2020–2021

Наводи

Надворешни врски Профил на Матео Гендузи

Категорија:Родени во 1999 година Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Фудбалери на ФК Херта Берлин Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј Категорија:Фудбалери на ФК Лацио Категорија:Француски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Премиер Лига