мини|Поглед кон општинската зграда Брајтон и Хоув (англиски: Brighton and Hove) — град во Обединетото Кралство. Градот се наоѓа во Источен Сасекс, во Англија. Според пописот од 2011 година, градот имал население од 273,400 што го прави најголем крајбрежен ресорт во државата.

Градот Брајтон и Хоув бил формиран како унитарна единица во 1997 година, а како статус на град бил назначен во 2001 година од страна на кралицата Елизабета II. Често градот се именува само како Брајтон и голем број од мештаните сè уште си ги сметаат Брајтон и Хоув за посебни градови.

Стопанство Економијата на градот се заснова на услуги, со големо осврнување кон креативната, дигиталната и електронската технологија. Турзимот и забавата се важни економски сектори. Градот има многу хотели и забавни атракции.

Според пописот од 2011 бројот на баратели на државна помош за невработеност паднал за разлика од минатиот попис, па така од 10.1% во 2001 паднал на 4.5% во 2011.Key Statistics: Population; Quick Statistics: Economic indicators . (2011 census and 2001 census) Retrieved 2015-02-27.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Градови во Англија