алт=Илустрација.|мини|илустрација на наводниот изглед на Силване Манзи (според опис каде наликува на Тероподски диносаурус) мини|alt=Илустрација.|илустрација на наводниот изглед на Силване Манзи (според опис каде наликува на диносаурус од групата Орнитоподи)

Силване Манзи (англиски: Silwane Manzi) е наводно криптид кој е виден во близина на устието на реката Умфозоли во Јужноафриканската Република.

Опис на криптидот Постојат два описа на ова суштество: Опис во кој наликува на Тероподски диносаурус; Опис во кој наликува на диносаурус од групата Орнитоподи;

Опис во кој наликува на Тероподски диносаурус Се опишува како Тероподски диносаурус со кратки раце, долга опашка, кожа со крлушки, два "рога" на главата и вилица полна со остри заби. Има зелен отсјај на очите во темнина. Ноќно е животно и лови риби.

Опис во кој наликува на диносаурус од групата Орнитоподи Се опишува како диносаурус од групата Орнитоподи. Водоземен билкојадец е кој оди на четири нозе.

Хронологија на средби со ова суштество и видувања Во 1937 година Алеко Лилиус наводно двапати се сретнал со големо непознато суштество кое бргу влегло во водата и исчезнало. Таа иста година во една прилика наишол на големи отпечатоци за кои локалните луѓе тврделе дека припаѓаат на оваа суштество. Тоа биле тропрсти отпечатоци со должина од 40 сантиметри и широчина од 33 сантиметри. Подоцна открил дека отпечатоците биле невистинити и дека ги направил еден локален шаман со помош на дрвен прибор и калап.

Поврзано Живи диносауруси Езерски чудовишта

Надворешни врски Силване Манзи

Категорија:Криптозоологија Категорија:Живи диносауруси