Бадемот (науч. Prunus dulcis, син. Prunus amygdalus или Amygdalus communis) е малечко дрво кое припаѓа на потсемејството Prunoideae од фамилијата Рози; бадем се нарекува исто така и плодот на ова дрво. Растението е класифицирано како праска во поткласата Amygdalus од Prunus, кое се разликува од останатите подвидови по својот плод.
Слатката надворешна маса која е карактеристична кај другите членови од Prunus фамилијата, како што е сливата и вишната, кај бадемот е заменета со обвивка, во која се наоѓа тврда маса во која е сместена семката. Бадемот потекнува од југозападна Азија.
Име Латинското име на бадемот е amygdalus communis. На македонското јазично подрачје растението е познато како миндал, бајам (Воден), миндал (Кукуш и Дојран), пајам (Равна, Сер).Билтен на одборот за изработување на македонската терминологија, МАНУ, Скопје, 1974, стр. 4
Хранлива вредност
Бадемот како мотив во уметноста „Балада за расцветаниот бадем“ (српски: Балада о уцветалом бадему)— песна на српскиот поет Стеван Раичковиќ.Stevan Raičković, Pesme. Rad, Beograd, 1977. стр. 21.
Наводи
Категорија:Рози Категорија:Медоносни растенија Категорија:Јадливи оревести плодови и семки Категорија:Турцизми Категорија:Овошни дрва Категорија:Маслодајни растенија