Анемари Селинко ( — ) — австриска писателка која напишала голем број најдобро продавани дела на германски јазик од 1930-тите до 1950-тите. Во 1939 година, на почетокот на Втората светска војна таа пребегува од Германија во Данска заедно со нејзиниот сопруг. Во 1943 година, тие повторно стануваат бегалци, но овој пат во Шведска.

Многу од нејзините романи се преведени на повеќе јазици, а според голем дел од нив снимени се и филмови. Во нејзиното последно дело Дезире (1951) станува збор за Дезире Клари, некогашна вереница на Наполеон Бонапарт, а подоцна и кралица на Шведска и Норвешка. Романот е посветен на нејзината сестра Лизелот, која била убиена од страна на нацистите. Преведен на 25 јазика, во 1954 година романот е прикажан во филм во кој глумат Марлон Брандо и Жан Симонс.

Наводи

Категорија:Родени во 1914 година Категорија:Починати во 1986 година Категорија:Австриски Евреи Категорија:Луѓе од Виена