Ова е речник на помалку познати зборови на македонски јазик, кои се користеле во минатиот век, додека Македонија била под Турско ропство.
По азбучен ред Ова е нецелосен речник на помалку познати зборови во македонскиот народен јазик, по азбучен редослед.
А
абер (турски збор)- вест, порака, знак аберџија - гласник аван (турски збор) 1. сад за толчење, 2. справа за сечење (дробење) тутун ага - турски големец, сопственик на земја или воен старешина во Османлиското Царство, муслиманска титула, господин, господар газда адет (турски збор) - обичај, традиција аѓутант (латински збор) - помлад офицер, помошник на офицер со повисок чин, помошник во воен штаб асно - богатство ак (турски збор) - плата акал - ум аланѓузи - болест кај децата со нафрлање на црвени брунки, најчесто на лицето алишта - облека амајлија (турски збор) - талисман, амулет, предмет или запис кој се носи со себе како заштита од несреќи, болести и сл. аманет (турски збор) - 1. доверување некому на чување некаков предмет како знак на доверба дека ќе биде сочувано; 2. самиот предмет кој се доверува; 3. поштенска пратка со означена вредност амбар - објект, складиште за чување жито во селските домаќинства амут (турски збор) - ам, дел од коњска опрема за спрегнување на коњот во колата ан (турски збор) - крчма, гостилница, преноќиште анама (турски збор) - госпоѓа, жена, сопруга ( кај муслиманите) ангарија - принудна работа, без надомест андарти - четници во грчката чета анка (турски збор) - госпоѓа, жена, сопруга ( кај муслиманите) антерија - дел од облеката, долга црна наметка која ја носат свештениците аргат - најмен работник, кој работи тешка физичка работа Арнаути (турски збор) - Албанци арсенал (француски збор) - складиште за чување воена опрема и оружје арслан (турски збор) - лав аскер - 1. војник; 2. војска атеист ( грчки збор) - безбожник, оној кој не верува во Бог, припадник на атеизмот атер - волја, наклонетост, љубов аур - место на долниот кат во селските куќи каде што се чува крупниот добиток
Б барабан - вид тапан баџа (турски збор) - отвор на покривот на старите куќи баџанак (турски збор) - сопругот на женината сестра башка - одвоено, посебно башкалак -одвојување, оставање имот настрана бег (турски збор) - турска титула, благородник и големопоседник во Османлиското Царство беља (турски збор)- 1.несреќа,беда, мака; 2. метеж, турканица бериќет (турски збор) - 1.благослов, среќа; 2. добра летнина, родна година, изобилство, успех бечви (турски збор) - панталони бодинаница - коњ во галоп борч - долг борчлија - должник бујрум (турски збор) - повели буле - мала погача булук (турски збор) - стадо, чопор бука (воденичка) - голема метална цевка, поставена косо, преку која водата се спроведува во воденицата бучало - место на река на кое водата паѓа вертикално и создава голема бучава
В
ваби - мамење кокошки или пилиња валачка - пиралка, алат за перење, за истиснување на водата од облеката со чукање вакаф (турски збор)- црковен имот валија (турски збор) - управник на област во Османлиското Царство везир (турски збор) - министер-претседател на владата на Турција во време на владеењето на султанот; титула на висок функционер во некои муслимански земји на Истокот; министер, гувернер на покраина веленце - мал килим, килимче вител - земјоделски алат за врзување снопови водоврик - место на кое земјата е влажна, каллива возиште - дел од запрежна кола врав - снопови наредени за вршење околу стожерот во гумното вршидба - времето кога се врши житото вршник - метален предмет со полутопчеста форма која служи за печење леб, месо и слично
Г
газета (италијански збор) - дневен весник гној - изметот од добитокот, добиточното, арско ѓубре горештина - врелина, жештина грибло - земјоделска алатка со крупни запци гуна - дел од селска женска или машка облека
Д
девер - 1.лице со посебна традиционална должност на свадба; 2.брат на сопругот дервиш (турски збор) - монах, калуѓер во муслиманската религија дисаѓи - двојна торба поврзана со платно која се префрла преку седлото со товарен добиток дифтик - јамболлија, ткаенина за покривање со реси домашар - оној што е постојано дома, во старите традиционални македонски семејства бил човек што бил одреден од страна на семејството за да се грижи за работите поврзани со домот друшка - сопруг или сопруга дулец - начин на дерење јагниња душман - непријател
Ѓ
ѓаур (турски збор) - неверник, кривоверник, еретик, погрдно име со кое Турците ги нарекуваат христијаните ѓеран (турски збор) - направа за вадење вода од бунар ѓериз (турски збор) - одводен канал ѓум (турски збор) - бакарен сад за вода
Е
есап (турски збор) - смета, пресметува еснаф (турски збор) - здружение на луѓе со ист занает, преносно, лица на иста возраст еќим (турски збор) - доктор ефенди (турски збор)- господин
Ж ждрепка - начин на одредување дел од имот или донесување одлука околу некоја работа жолтица - златна монета, дукат
З
задушница - помен за покој на душата во христијанската религија замандалени - затворени со мандало - дрвен дел на врата за затворање на внатрешната страна замелушен - зашеметен заптии (турски збор) - редар, стражар зелје - збирно име за лобода, спанаќ и штаве зијан - штета зоб - овес золва - сестра на сопругот зулум (турски збор) - тиранија, насилство, разбојништво, угнетување зулумџија (турски збор) - насилник, тиранин, угнетувач, разбојник
Ѕ
ѕевгар (турски збор) - пар запрежни волови
И
изим (турски збор) - дозвола, одобрение исав (турски збор) - милост исавлија (турски збор) - со душа, милосрден
Ј
јалова - неплода јаловица - неплодна овца јаничар (турски збор) - припадник на привилегиранта војска во Османлиското Царство создадена од заробени христијански деца, кои биле одгледувани и воспитувани за крвници на сопствениот народ јарем - дрвена направа во која се спрегнуваат запрежни животни јатрви - сопруги на двајца браќа
К
кадија (турски збор) - судиј во Турција и во други муслимански земји кадилница - метален предметм кој служи за кадење, подчадување, кој го користат свештениците при изведување на христијанската служба кајмакам (турски збор) - управник на околија во Отоманското Царство калајџија - мајстор кој врши премачкување на бакарни садови со калај калци - плетени женски чорапи до колениците без стапалата кандило (грчки збор) - сад со масло во кое гори фитилче кандиса - убеди, наговори картал - вид орел, мршал катиљ - лош човек, крвник клепало - дрвен предмет во црквата за чукање при повикување на служба ручек и слично клисар - притруп, човек кој ја чука црковната камбана и служи во црквата кмет - селски старешина комиташ - оној кој се занимава со комитлак копа - форма на куп во кој се собира слама коприна - свила корда - простор заграден за чување овци корија - шума коџобашија (турски збор) - старешина на село, кмет крлешка - лулашка, нишалка крклик - крлук, стап со кука за фаќање овци крондир - мал сад за ракија или вино кросно - дел од разбој за ткаење кудење - укажување на недостатоци, оговарање кулук (турски збор) - вид данок кој се наплаќал во Османлиското Царство со тешка и напорна работа курбан (турски збор)- жртва кутел - дрвен сад за мерење жито
Л
ластегарка - стап за товарање и растоварање на товарен добиток со чепорашка (со две мали кракчиња) на горниот дел
М
малаксан - преморен, изнемоштен, без сила марифет (турски збор) - вештина, препреденост, лукавство мастраф (турски збор) - трошок, издаток меѓа - граница меѓу две ниви или други земјишни парцели меџидија (турски збор) - сребрена турска монета мешин - штавена танка кожа (мев од стара ковачка направа) момок (архаизам) - слуга во селска куќа мотавило (архаизам) - мотовило, тенко стапче на кое се мота јаток, предено за разбој мртвица - застојана вода, калливо место мувлет (турски збор) - рок мудур (турски збор) - старешина на касарна во Османлиското Царство мунасип (турски збор) - умно, згодно
Н
набодна - долга дрвена вила со два рога за кревање и товарање снопови намашна (архаизам) - поттикна намуз (турски збор) - човечност, праведност, правилен однос наора (грчки збор) - осветен леб во православната религија, нафора нахија (турски збор) - околија непрокопсан (архаизам) - немирен нунко - кум
О
окантарен - некаде заседнат, постојано тука, наметлив опрегач - унечка, прегач, скутник осојница - место на сенка остен - стап со шилец на едниот крај за терање запрежни волови осуна (архаизам) - се раздени, осамна офарда (архаизам) - дарежлив, нештедлив офтика (архаизам) - болест на белите дробови, туберкулоза оџа - муслимански свештеник
П пагур (архаизам) - мало шише за ракија со затворач падишах (турски збор) - титула на некогашните турски султани и други монарси во некои источни земји пајтон - запрежна кола за коњи палежен (архаизам) - лош паличник (архаизам) - железен дел од плугот што ја сече земјата при орањето, ралник паштерка - затекната или најдена ќерка во бракот пеземек (турски збор) - мангуп, расипан човек пеливан (турски збор) - борач пиралка (архаизам) - дрвен предмет што се користи во селата при перење на река и служи за цедење на водата од облеката со удирање пискул - украс на турска капа, фес плева - ситни сламчиња и лушпи кои остануваат при веење на житото на гумната покроб - волнена покривка за спиење без реси, јамболија без реси полјак (архаизам) - чувар на полето пондила (архаизам) - место за престој на добитокот во некои стари селски куќи посестрима - 1.Жена како сестра на другарка или на дригар; 2. верна другарка почудиште - урок, болест од урочување првиче - според народниот обичај првата посета што ја прават родителите на невестата во куќата на зетот со група блиски роднини првичари - учесници на првиче прекутрупа - попреку, по кус пат присој - страна, обично стрмна, што ја грее сонце прокуда - лоша навика протуѓер (архаизам) - гласник пусат (турски збор) - оружје, коњска опрема
Р раја (турски збор) - немухамеданското население на Османлиското Царство рајатин (турски збор) покорен христијанин во Отоманското Царство, поданик рајатиса (архаизам) - се ослободи од маката рало - дрвено орудие за орање раненик - посвоено дете расје - ниски шумски дрва рауни - невестински дарови пред свадбата редовница - реденица. жена што го води домаќинството определено време во големите семејства рогозина - грубо плетена постела од рогоз - висока мочуришна трева - шавор, шамак руглица - свадбарско знаме
С саѓи - црна прашина што останува по горењето на оган сакма - вид наметка која обично ја носат овчарите самар - седло на коњ, магаре или маска сардисан - опколен сводник - посредник на љубовни врски меѓу мажи и жени за користољубиви цели, за пари себап - добро дело сеир - чудо, гледање нешто шо се случува, гледање забава, разонода синор (грчки збор) - граница меѓу две села или две ниви сретсело - центарот на селото каде што се одвиваат главните настани срп - алатка за рачно жнеење стожер - столб во средината на гумното за кој се врзувале коњите за вршење на житото стресло - железна алатка што ја користеле каменарите субашица (турски збор) - газдарица, жена сопственик на имотот сургун (турски збор) - прогонство, заточение сурија - големо стадо, крдо сурме (архаизам) - мала дрвена греда со која се става попреку на вратите на селските куќи однатре сурпет - суров, остар, непопустлив
Т тајфа - група луѓе, дружина тапија (турски збор) - судски заверен документ за сопственост на имотот телал (турски збор) - гласник терзија (турски збор) - кројач, шијач теќе (турски збор) - 1. молитвен дом на дервиши, дервишки манастир; 2.гробница на некој светец тормозење - малтретирање тупурдиса - отстрани, зафрли, загуби тревлистува - со мана во говорот, не зборува чисто, петелчи
Ќ ќатип (турски збор) - писар ќаја (турски збор) - управник на имот кај турските големци во Османлиското Царство ќепе - 1.вид машки елек од грубо селско платно; 2. вид капа ќердоса (турски збор)- усреќи, постигна успех, успеа, ќурк - горно палто со крзно
У угар - изорана, но непосеана нива, оставена да прележи узда - огламник со посебен дел за смирување на немирни коњи ујдурма - добро смислена измама утрина - земја оставена за пасиште