УЕФА Лига на нации — меѓународно фудбалско натпреварување на европските национални сениорски репрезентации кои се членки на УЕФА.

Првиот турнир започнал во септември 2018, по Светското првенство 2018, а победникот ќе биде одлучен во јуни 2019. Натпреварувањето треба да ги замени многубројните пријателски натпревари кои се играле според календарот на ФИФА.

Усвојување Во октомври 2013, Ингве Хален, претседателот на Норвешкиот фудбалски сојуз, потврдил дека се разговара околу основање на трето меѓународно натпреварување за репрезентациите членки на УЕФА, но напоменал дека целиот проект сè уште се замислува.

Концептот на Лигата на нации е да се поделат сите 55 членки на УЕФА во низа на групи според рангирањето кое е формирано од нивните неодамнешни резултати, каде националните селекции можат да се промовираат во повисока или пониска лига врз основа на резултатите во самата лига. Предложеното натпреварување би требало да се одржува на датите предвидени за пријателски натпревари според календарот на ФИФА и така нема да се преклопува со Светските или Европските првенства.

Во март 2014 Џани Инфантино, генералниот секретар на УЕФА, изјавил дека една од предностите на предложеното натпреварување ќе биде помошта на помалку истакнатите федерации во средувањето на игрите на сопствените репрезентации. Претседателот на Англискиот фудбалски сојуз Грег Дајк рекол дека предложеното натпреварување е "многу привлечно" затоа што се очекува дека Англија ќе може да игра против најдобрите европски репрезентации. Стив Мартенс, генералниот секретар на Белгиската фудбалска федерација, рекол дека ниско позиционираните нации ќе имаат голема финансиска корист од натпреварувањето затоа што телевизискиот договор со УЕФА ќе биде централизиран.

УЕФА Лигата на нации едногласно била усвоена од сите 54 федерации членки на УЕФА (Косово тогаш сè уште не бил член) на 38-от редовен конгрес на УЕФА во Нур-Султан (тогаш Астана) на 27 март 2014

Формат на натпреварување Според одобрениот формат (пред Косово да стане член на УЕФА), 55-те репрезентации членки на УЕФА (вклучувајќи го и Косово) се поделени во четири групи (наречени "лиги"): 12 репрезентации во лигата А, 12 во лигата Б, 15 во лигата Ц и 16 репрезентации во лигата Д. Секоја лига има по четири групи (со по три или четири репрезентации во групата) во кои репрезентациите играат меѓусебно дома и во гости.

Четирите репрезентации кои ќе бидат победници во своите групи во лигата A ќе играат во завршницата на Друштвото на народите, каде со две полуфиналиња и едно финале, ќе биде одлучено кој ќе стане победник на УЕФА Лигата на нации.

Репрезентациите исто така се натпреваруваат за промоција во повисока лига или испаѓање во пониска лига. Секој победник во групата (во секоја лига има по четири групи) автоматски стекнува право да игра во повисока лига во следната сезона на натпреварувањето. Најслабите репрезентации во групите следната сезона ќе играат во пониска лига.

Поврзаност со Европско првенство УЕФА Лигата на нации ќе биде поврзана со квалификациите за Европските првенства, пружајќи им на репрезентациите уште една можност да се квалификуваат за натпреварувањето.

Во завршницата на Друштвото на народите во која учествуваат репрезентациите од лигата А, ќе има и четири плејофа (анг. play-off) со сличен формат. Победниците од групите на сите лиги ќе играат во полуфиналните плејофи. Ако победникот на групата обезбедил учество на Европското првенство преку редовните квалификации, тогаш второпласираната репрезентација во групата ќе игра во полуфиналето. Ако помалку од четири репрезентации во една лига не обезбедиле учество на првенството тогаш тие слободни места им се доделуваат на репрезентациите од пониските лиги. Победниците во полуфиналните натпревари ќе играат финале на плејофот, а четирите победници од финалните натпревари во плејофот во секоја од лигите обезбедуваат учество на Европското првенство заедно со останатите 20 репрезентации.

Поврзаност со Светско првенство УЕФА Друштвото на народите би можела да биде поврзана и со квалификациите за Светското првенство, пружајќи им на репрезентациите уште една шанса да се квалификуваат за натпреварувањето. Во плејофот најверојатно би учествувале репрезентациите од првите две лиги.

Критики Форматот на натпреварување е критикуван заради наводното допуштање на послабите репрезентации да се квалификуваат на големите натпреварувања преку УЕФА Лигата на нации наместо преку редовните квалификации.

Сезона Секоја сезона Друштвото на народите ќе се игра од септември до ноември во парните години (натпреварување по групи) додека во јуни во непарните години ќе се игра завршницата на Лигата на нацииите во која ќе учествуваат победниците од групата A, што значи дека на секоја втора година ќе биде прогласуван победник на Лигата на нации.

Резултати од завршницата на Друштвото на народите СезонаДомаќинФиналеНатпревар за 3. местоПобедникРезултатВторопласиранТретопласиранРезултатЧетвртопласиран2018-2019 Португалија1–00–0

Учинок на репрезентациите по сезони Промоција Без промена Испаѓање Репрезентација2018–19ЦДДБДДАБЦАЦББАЦДЦАДАДЦЦАЦАДДДДЦДДДДЦАБЦААБЦБДЦЦБЦАБАБББ

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Меѓународни фудбалски натпреварувања