Социјалистичка Република Македонија (скратено СР Македонија) ― последното име на федеративна Република Македонија, кога била дел од ДФЈ/ФНРЈ/СФРЈ, име кое го носела од 12 април 1963 до 1991 година. Од 8 март 1946 година до 12 април 1963 година, земјата го носела името Народна Република Македонија и тоа име и државно уредување било сменето врз основа на Одлуката за прогласување на Уставот на Социјалистичка Република Македонија, донесена од Народното собрание на Народна Република Македонија, на заедничката седница на Републичкиот собор и Соборот на производителите.. Првото име на современата македонска држава било Демократска Федерална Македонија, како држава во составот на Демократска Федерална Југославија. Ова име било користено во периодот од 2 август 1944 до 8 март 1946 година, кога Президиумот на Народното Собрание. Во 1991 година по пат на референдумско изјаснување, Република Македонија била прогласена за независна држава односно истата држава се отцепила од СФРЈ.
Територијата која ја опфаќала ДФМ/НРМ/СРМ, во најголем дел е територијата на Вардарскиот дел на Македонија. Во текот на своето постоење СРМ, загубила свои делови од територијата кои административно влегле и денес во територијата на тогаш наречената НР Србија. Така сè до 1947 година, манастирот „Свети Прохор Пчински“, каде е одржано Првото заседание на АСНОМ, заедно со општините Прешево, Бујановац, Качаник и Витина, административно биле под ДФ/НР Македонија и учествувале со свои претставници на заседанијата на АСНОМ, за по 1947 овие територии да влезат во составот на НР Србија заедно со уште некои катастарски општини кои припаѓале во македонската држава.Според Славе Димитрија Талевски „Границите на Република Македонија“.
Историја Војна и ослободување на Македонија thumb|left|Споменик на починатите од Втората светска војна близу Гостивар. Пред Втората светска војна, територијата на идната република била дел од Кралството Југославија. Оваа територија била вклучена во Вардарска Бановина, една од деветте административни единици на кралството. Кралството Југославија присилно влегло во Втората светска војна во април 1941 година, откако Силите на Оската навлегуваат во државата. Државата била поделена на неколку фашистички држави и Бугарија го добила поголемиот дел на Вардарскиот дел на Македонија, на 19 април. Западот на територијата, кој главно бил населен од Албанци паднал под контрола на Албанија која била под италијанско влијание.
Бугарската доминација која станувала сè поопресивна довела до зголемување на чувствата за автономија. Оваа ситуација ја искористиле комунистите кои го признале и го бранеле македонскиот народ. Македонците во тој период биле поделени во две партии, комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Бугарија. Овие две партии ги поддржуваат правата на Македонците за самоопределба и замислуваат голема балканска федерација низ која голема обединета Македонија (вклучувајќи ги и егејските и пиринските Македонци) ќе добијат автономија. Коминтерната конечно ја назначува Вардарска Македонија на југословенската партија. Македонските комунисти, односно партизани, започнуваат да се борат во 1941 година и создаваат единици за саботажа и осамостојување во Скопје, Куманово и Прилеп.
thumb|лево|Манастир Свети Прохор Пчињски, во денешна Србија, каде што било одржано Првото заседание на АСНОМ. Во 1942, борбата била засилена и востанијата успеваат во ослободувањето на некои мали подрачја. Вториот конгрес на Антифашистичко собрание за народно ослободување на Југославија (АВНОЈ) на 29 ноември 1943 ја претставила македонската комунитичка партија и ја планирала Македонија да го има истиот статус на федерална членка како за Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) го одржува првото заседание во Манастирот Свети Прохор Пчињски на 2 август 1944 година, годишнина на Илинденското востание. За време на ова заседание, „Демократска Федерална Македонија“ е прогласена за независна. Истиот месец, бил создадени првите македонски дивизии на Народно ослбодителната армија. Во септември, дивизиите броеле 60.000 партизани, поделени во три дивизии и три корпуси.. На почетокот на октомври, партизаните држеле контрола врз поголемиот дел од селските зони.
Бугарите брзо почнуваат да губат територии. Прилеп, е првиот ослободен град од страна на партизаните на 2 ноември и пред 12 ноември, исто така се ослободени Куманово, Штип, Скопје, Ресен, Битола и Охрид. Партизаните наидуваат на големо спротивставување кај Велес, кој е сместен во долината на Вардар и им траело два дена исполнети со борба пред целосното влегување во градот на 11 ноември. Тетово е последниот ослободен град на 19 ноември. Во средината на ноември, Силите на Оската биле целосно исфрлени и комунистички претставници се поставени во администрацијата.
Демократска Федерална Македонија
мини|десно|Првата влада на ДФМ во 1945 година.
Првото име на современата македонска држава е Демократска Федерална Македонија која била дел од Демократска Федерална Југославија односно првото име на социјалистичка Југославија, а трето име на Југославија воопшто. Ова име ДФ Македонија било користено во периодот од 2 август 1944 до 8 март 1946 година, кога Президиумот на Народното Собрание со закон било сменето во Народна Република Македонија.
мини|лево|Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на Федерална Македонија (2 август 1944) Во виорот на Втората светска војна, на Првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински со присуство на делегати од сите краишта на Македонија и на претставници на големите сили учесници во антифашистичката војна - Соединетите Држави и Обединетото Кралство, биле донесени следниве важни одлуки:
Решение за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на Демократска Македонија Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓаните на Демократска Македонија Решението на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава Решението на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен и државен празник на македонската држава.
Првото заседание на АСНОМ основало свој Президиум, кој всушност претставува прва македонска влада. Покрај претседател, Президиумот имал двајца потпретседатели, двајца секретари и 17 члена. За претседател е избран Методија Андонов - Ченто.www.sobranie.mk , На 2 август 1944 година, Методија Андонов Ченто е избран за претседател на Президиумот на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија, која подоцна е именувана како Народна Република Македонија.
Територијата на државата била поделена на народни одбори, околии и општини како облици на локална управа и самоуправа.
мини|десно|Првиот универзитет во Македонија - Св. Кирил и Методиј бил основан во 1949 година. Излегол првиот број на весникот „Нова Македонија“. Донесена одлука за основање на Школата за народни учители. Била основана Народната библиотека „Климент Охридски“. Била основана Македонската филхармонија. Божиќните настани на Скопското Кале: одредени единици одбиваат да заминат на Сремскиот фронт и наместо тоа сакаат да биде одено кон Солун. Бил основан Македонскиот народен театар. Бил одржан Првиот црковно-народен собор за обновување на Македонската православна црква. Била створена првата македонска влада. Било донесено Решение за утврдување на македонската азбука. Од печат, излегол првиот македонски буквар.
На 8 март 1946 година, Президиумот на Народното Собрание донесол закон со кој дотогашното име Демократска Федерална Македонија да биде сменето во Народна Република Македонија.www.mia.com.mk, На денешен ден, 8 март 1946. Президиумот на Народното собрание на Македонија донесе Закон за измена на името на Демократска Федерална Македонија
Поважни настани Уставотворното Собрание на НР Македонија го усвоила првиот Устав на НР Македонија. Формирано е Друштвото на писателите на Македонија. Основана е Македонската опера. Информбирото донесува резолуција со која се осудува комунистичка Југославија. Основан е Македонскиот балет. Основан е Институтот за национална историја. Одржан е Првиот конгрес на Комунистичката партија на Македонија. Основан е Универзитетот Кирил и Методиј. Формиран Македонскиот фудбалски сојуз. Основано Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Народното собрание на ФНРЈ го донесува Законот за самоуправување со претпријатијата и стопанските организации. Во Охрид е одржан Вториот македонски црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Охридската Архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска православна црква. Во 1963 се случил катастрофален земјотрес во Скопје.
Воспоставување на комунистичка власт во НРМ
Пресметката со учесниците на бунтот на некои воени единици во Скопје и во Штип е повод во македонските работи во почетокот на 1945 година да се вклучи сојузната ОЗН-а. Македонската ОЗН-а веќе во септември 1944 година во Кавадаречко, Ресенско и во некои други подрачја има стрелано помали групи означени како народни непријатели, но со доаѓањето на сојузната ОЗН-а почнуваат помасовни стрелања без судења во Кумановско, Велешко, Скопско, Тетовско и во Гостиварско.
Македонија се ослободува во ноември 1944 со исклучиво домашни сили, во соработка со странски мисии. На чело на државата се наоѓа Президиумот на АСНОМ со Методија Андонов-Ченто. Постојат одредени размислувања за целосно ослободување на сите делови на Македонија со стапување во врска со тамошните македонски единици. Пречка за заминување на македонската војска за Солун се СССР и големите сили договорот од Јалта, кои не се согласуваат со менување на границите на Грција од 1919-1941.
Комунистичката партија на Југославија на чело со Јосип Броз Тито, не сакајќи да ги комплицира односите со сојузниците, не се ни обидува да делува на овие одлуки. Стравот од прогласување на независност на Македонската држава е втора но најзначајна причина. Во таа насока, КПЈ инсталира свои кадри, луѓе кои никогаш не биле запознаени и не учествувале во Народноослободителната војна во Македонија. Предводени од Лазар Колишевски следните години го дезавуираат раководството и скоро сите членови на Президиумот се осудени и отстранети од власта.
Тоа исто така е период на елиминација на осомничените народни непријатели поради соработка со окупаторот.
Борба за власт
Во Македонија почнува борба за власт, која трае некаде до крајот на 1947 година, а што ја води Комунистичката партија. ОЗН-а и служи како инструмент на насилство. На удар на партијата се: Интелигенцијата (особено високообразованите кадри и учениците на повисоките класови од гимназиите во Битола, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Велес и др.); Поимотните луѓе во градовите и селата; Македонското православно свештенство (види Македонска православна црква).
Интелигенцијата доаѓа во судир со власта, бидејќи не ја прифаќа опцијата за решавање на македонското прашање исклучиво во рамките на Југославија. Тие сметаат дека постои историска шанса за обединување на Македонија со помош на САД и на Велика Британија и под нивни протекторат до целосна независност. Припадниците на таа група не биле меѓусебе организациски и политички поврзани, иако имало повеќе изолирани мали кружоци.