Градиште I — градиште од доцноантичкото време. Помеѓу маалата Ваканица и Илиовци се издига висок рид со доминантна положба. На неговиот врв, што има пространо плато со димензии од 150 × 150 м се зачувани темели од одбранбен бедем. Во внатрешноста на тврдината се среќаваат многу парчиња од покривни ќерамиди, питоси и керамички садови. Видливи се и остатоци од неколку помали објекти.
Наводи
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Делчево