Цитидин трифосфат (CTP) е пиримидински нуклеозид трифосфат.

CTP е многу сличен на АТP. Молекулата се состои од рибоза и три фосфатни групи. Единствената разлика помеѓу овие две молекули е што кај CTP азотната база е цитозин.

CTP е супстрат во синтезата на РНК.

CTP претставува високоенергетска молекула, слично на АТP, но неговата улога како носител на енергија во биохемиските процеси е ограничена на само неколку метаболни реакции. CTP е коензим во неколку основни метаболни реакции, како што се синтезата на глицерофосфолипидите и гликолизацијата на белковините.

CTP делува како инхибитор на ензимот аспартат карбамоилтрансфераза, кој се користи во биосинтезата на пиримидините.

Поврзано

CTP синтаза Цитидин Цитозин Биосинтеза на пиримидини

Наводи

Категорија:Нуклеотиди Категорија:Азотни хетероциклични соединенија Категорија:Органски соединенија Категорија:Фосфатни естри