Авеиро () е значаен град и општина во Португалија, сместен во неговиот западен дел. Во 2011 година, населението броело 78.450, на површина од 197,58 км2,Direção-Geral do Território што го прави втор најнаселен град во централниот регион на Португалија по Коимбра.

Низ Аверио се прокопани неколку канали, па заради тоа градот го нарекуваат и „Португалската Венеција“.

Географија Градот Авеиро се наоѓа  во  западниот  дел на Португалија. Од главниот град Лисабон градот е оддалечен 260 километри северно, а од градот Порто  е  80 километри  јужно.

Релјеф: Авеиро се наоѓа на надморска  висини од 0–20 m. Подрачјето  околу градот е рамничарско, односно градот лежи на рамницата Беира, која е житница во државата.

Клима: Климата во Авеиро е средоземна.

Историја Подрачјето во Авеиро е населено уште од праисторијата. Денешнaтa населба постои од 10 век.

Градот ги добил градските права во 1759 година. Во градот постои универзитет, кој е основан во 1973 година.

Население Од последниот попис во 2008 година општината Авеиро има околу 78 илјади жители, од кој околу 67 илјади живеат во градското подрачје. Во последната деценија бројот на жители расте.

Партнерски градови Партнерски градови на Авеиро се:

– Бурж, Франција, од 1989 – Вијана до Кастело, Португалија – Аркашон, Франција, од 1989 – Сијудад Родриго, Шпанија, од 1989 – Форли, Италија, од 1990 – Оита, Јапонија, од 1978 – Троа Ривиер, Канада, од 1996 – Махдија, Тунис, од 1998 – Панју, Кина, од 2000 – Холаргос, Грција, од 2001 – Пемба, Мозамбик, од 1995 – Санто Антонио, Саун Томе и Принсип, од 1998 – Инјамбане, Мозамбик, од 1989 – Белем, Бразил, од 1970 – Кубатан, Бразил, од 1992 – Пелотас, Бразил, од 1996 – Санта Крус, Зелен ’Рт, од 1993 – Фарим, Гвинеја-Бисао, од 1992

Галерија

Наводи

Категорија:Градови во Португалија