Александра Димитрова (, ) — македонска поетеса. Дипломирала на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 2001 година. Таму и магистрирала со магистерската теза со наслов „Постмодернистичките стапици во драмите на Горан Стефановски“.Александра Димитрова на семрежното место на Блесок

Живее и работи во Скопје.

Книжевно творештво „Вежби за правилно дишење“ (поезија, 2002) „Јас-Ти“ (поезија; дел од мултимедијален проект, 2004) „Божица на подивените мачки“ (поезија, 2008) „Во аквариумот на Барби“ (поезија, 2009) „Дупка“ (поезија, 2019)

Има објавено свои песни во „Lettre International“, „Стремеж“ и „Мугри“. Нејзината поезија е преведена на германски, англиски, турски, словачки и српски јазик. Александра Димитрова освен поезија пишува и проза, како и книжевна критика. Автор е на блогот: www.bonbonce.blogspot.com.

Награди Награда „Антево перо“ за делото „Дупка“ (2019)

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонски прозаисти Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Добитници на наградата „Антево перо“ Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Магистри на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје