Воведение на Пресвета Богородица — црква во селото Буринец. Сместена е во крајниот јужен дел од селото.

Историја Црквата била изградена во XIX век. Во февруари 2011 година, црквата била ограбена и од неа биле изнесени икони.„Ограбени цркви“. Вечер. 28 февруари 2011.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. На јужната страна е доградена припрата која е во целост затворена. Главната влезна врата на црквата е сместена од западната страна, а до внатрешноста на црквата води и споредна врата преку припратата од јужната страна. Над споредната врата има ниша со фреска на која е насликана Богородица Марија со Исус Христос. На ѕидовите од црквата и припратата има повеќе прозорци. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди, додека припратата е варосана во бела боја и е покриена со лимен кров. Со лимен кров е покриена и апсидата.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда, а во него е сместена камбанаријата. Таа има квадратна основа и се состои од два дела, од кои првиот е изграден од камен, а вториот од лим и содржи по два отвори на секоја страна. Камбанаријата е покриена со кров од ќерамиди.

Иконостас Иконостасот во црквата е дело на Никола Аврамов и Константин Николов, кои биле ученици на Аврам Дичов.Изложба на икони на свети Наум Охридски во иконописот на Дебарско-кичевската епархија од XVIII и XIX век. Македонска православна црква. 6 октомври 2010.

Галерија

Поврзано Буринец Дебарско-кичевска епархија Струшко архијерејско намесништво Втора струшка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Буринец Буринец Категорија:Дела на Дебарската школа