Ера-Лесин () — општина во округот Гифхорн, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Географија
Ера-Лесин се наоѓа во крајниот источен дел на сојузната покраина Долна Саксонија.
Општина се наоѓа околу 20 километри од Волфсбург и Гифхорн.
Општински единици
Општината се состои од местата Ера (1.275 жит.) и Лесин (559 жит.).Состојба 30 јуни 2018 г.
Соседни општини
Ера-Лесин се граничи со следниве градови и општини:
Витинген Броме Тилау Барведел Засенбург Варенхолц
Патека за тестирање на Фолксваген
Фолксваген поседува патека за тестирање во местото Ера. Патеката била изградена во текот на Студената војна, а местоположбата била одбрана бидејќи во зона забранета за летање близу границата со Источна Германија, па така можеле да бидат тестирани тајни прототипи без опасност од протекување на можните соперници.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Гифхорн (округ)