Засенбург () — општина во округот Гифхорн, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 7 километри североисточно од градот Гифхорн и околу 15 километри северозападно од градот Волфсбург.
Седиштето на општината се наоѓа во селото Вестербек.
Географија
Општината се наоѓа на подрачје помеѓу планинскиот масив Харц и Линебуршкото Поле, источно од Гифхорн и северозападно од Волфсбург. Во јужниот дел на општината во насока исток-запад поминува реката Алер. Истовремено, во насока север-југ поминува страничниот канал на Елба. Општината има површина од 8840 ha, од кои 17% се станбена и сообраќајна површина.Niedersächsisches Institut für Wirtschaftsfragen e. V. (Hrsg.): Regionalbericht 2006 : Wirtschaftsraum Braunschweig – Salzgitter – Wolfsburg. IHK Braunschweig, Hannover 2006. (PDF; 1.4 MB ).
Соседни општини
Соседни општини се (од север надесно): Варенхолц, Ера-Лесин, Барведел, Јембке, Бокенсдорф, Ослос, Калберла, Изенбител и Гифхорн.
Најблиски поголеми градови се Волфсбург и Брауншвајг.
Општински единици
Општината се состои од следниве населени места:
Даненбител Грусендорф Нојдорф-Платендорф Штиде Триангел Вестербек
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Гифхорн (округ)