Горун () — вид планински даб . Ова листопадно дрво е од родот дабови, семејство буки (Fagaceae).

Распространетост Горунот е многу распространет европски вид со ареал нешто помал од оној на стежерот. Распространет е во западна, средна, дел во северна и источна Европа. Северната граница на неговиот ареал во Норвешка допира до 60° северна географска ширина. Го нема на Сицилија, Сардинија и јужна Шпанија. Источната граница се протега од југот на Шведска, низ Полска до Црното Море. Делумно го има и во западна Азија. Избегнува области со континентална клима.

Во Македонија расте во повисокиот регион на дабовиот шумски појас, а се појавува и во појасот на буковите шуми. Точното распространување не е познато, бидејќи досега во вегетациските студии се земало како збирен вид заедно со Quercus polycarpa и Quercus dalechampii. Познато е дека расте на Шар Планина, Бистра, Скопска Црна Гора, Кожуф и Беласица.

Опис Горунот е високо дрво, достигнува висина од 30 до 40 м и пречник на стеблото 1-3 м. Стеблото е порамно и поправилно од она на стежерот. Крошната е импозантна, густа и прилично правилна, нешто потесна и поправилна од онаа на стежерот. Достигнува старост 600-700 години.

Кората на стеблото во младоста е жолтеникава, тенка и мазна, а кај постарите стебла е белузлаво сива, избраздена, испукана по надолжни бразди и лушпеста. Потенка е и поплитко испукана во однос на кората на стежерот.

Пупките се кафеави, голи, конусно зашилени. Листовите се доста симетрични, долги 8-12 см, широки 6-7 см, елиптични до обратно јајчести. По ободот се шпицести, со 4-8 шпицови чии врежувања се поостри и посиметрични во однос на стежерот. Младите лисје се малку влакнести, подоцна крути, кожести и голи. Петелката на листот е долга 15-40 мм. Лицето на листот е сјајно зелено, опачината посветло. Листовите кои се развиваат во сенка се помалку крути од оние изложени на сонце.

Плодот е желад, доста варијабилен, но пократок и подебел од желадот на дабот стежер (долг 1,5-4 см, широк 1-2,5 см), на кратка дршка или седечки (без дршка). Растат во група од 2 до 5. Купулата е со рамен обод, лушпите збиени, поиспупчени и повлакнести во однос на стежерот. Во купулата желадот е до 1/3 од должината, јајчесто елипсест, без темни пруги. Разлистува и цути во средината на пролетта, нешто подоцна од стежерот.

Живеалиште Горунот расте на ридски терени. Горната граница на распространетост оди до 1360 м надморска висина во јужен Тирол. Во допирните подрачја со буката, обично расте на топлите, претежно јужни експозиции.

Во поглед на барањата за тло, далеку е поскромен од стежерот. Најмногу успева на свежи земјишта, но не поднесува влажни. Слабо расте на варовничка подлога, но успева на плитки и скелетни, , како и на кисели земјишта. Хелиофилна Одговара му влажан ваздух. Не подноси касне мразеве.

Болести на горунот Првите записи за пропаѓање и сушење на разни видови дабови датираат од почетокот на 19 век. Од 80-тите години на 20 век почнало интензивно сушење на шуми во Европа (т.н. „нов тип на сушење“), и тоа прво на четинарите, а потоа и на листопадните. Меѓу дабовите посебно осетлив се покажал горунот чие сушење во послаб или појак интензитет е забележено во сите европски земји и покажува тенденција на понатамошно ширење. Поголемиот број стручњаци и научници се сложува дека не постои само еден причинител, туку дека на процесот на сушење влијаат повеќе фактори од абиотична и биотична природа. Меѓу овие фактори посебно значење им се припишува на паразитните габи (пепелници и габи кои се развиваат во спроводните садови трахеомиокози), штетните инсекти (особено дефолијаторите), на директните или индиректните влијанија на аерозагадувањето, глобалната промена на климата (глобално загревање, остри и ладни зими и сушни лета), кои сите влијаат и доведуваат до постојани промени во шумските екосистеми.

Употреба 200px|мини|десно|Дрво на горун 200px|мини|десно|"Желадење" на свињи. Дрвото на горунот е квалитетно и ценето. Беликата е жолтеникаво бела боја, тесна, широка 1 до 3 см, а срцевината светложолтеникава кафеава. Дрвото е фино, некогаш со неправилна текстура. Прстените на прираст се маркантни. Правилното менување на светлото и темното дрво на пресекот на стеблото овозможува совршена реконструкција на хронологијата на годовите, а со тоа и климатските услови во поедини периоди од животот на дрвото. Се употребува, меѓу другото, за изработка на греди, подни облоги, мебел, опремување на ентериери и во бродоградбата.

Во 19 век во Србија се применувал екстензивен начин на товење свињи со т.н. „желадење на свињите“ во дабовите и буковите шуми. Денес овој начин на исхрана е особено популарен во органското земјоделство.

Дабовиот желад се употребувал и во човечката исхрана од дамнина. Било утврдено дека желадите од стежерот и горунот се користеле во исхраната уште од неолитот. Желадите од многу видови дабови, па така и од горунот, се богати со скроб, шеќер, белковини, масти, Смола и танин. Јадливоста на желадите зависи токму од содржината на танин во нив. Големата содржина на танин резултира со горок вкус на плодовите и ја ограничува нивната природа во човечката исхрана. Горунот спаѓа во видовите чиј желад има мала содржина танин, а доста скроб. Желадите и денес се користат во исхраната на поборниците на природна исхрана, а може да се користат печени како питомите костени, како пире, сомелени во брашно како додаток на лебот или пржен и мелен како замена за кафе. Во Германија и денес е познат изразот "желадово кафе" (Eichelkaffe).

Кората на горунот и стежерот (Cortex Quercus) служи во медицината како средство за стегање, плакнење и запирање на крвавењето. По потреба може да се употреби и како антидот при труење со тешки метали. Се собира во рана пролет, пред разлистување, или во есен, по паѓањето на лисјата и тоа само сосема мазна кора од млади стебла или гранки.

Дабовите шуми се живеалиште на кои најдобро успеваат тартуфи, што често може да има големо економско значење. Тартуфите најдобро растат во симбиоза со корењата на дабовите горун и стежер.

Значење во озеленувањето • Со оглед на големината на возрасните единки, горунот е вид кој главно се сади на големи зелени површини. Забележени се повеќе варијанти и форми. Меѓу најчесто одгледуваните укрсни форми се: Quercus petraea 'Columna - хабитус валчест, листовите тесни, сивкаво зелени, слабо и неправилно шпицести; ''Quercus petraea 'Laciniata - листовите длабоко врежани; Quercus petraea 'Mespilifolia' – листовите на гранките од првиот ред темнозелени, сјајни, скоро цел обод, зашилени на врвот; Quercus petraea 'Purpurea''' - младите листови мрко пурпурни, подоцна црвеникаво сиво зелени со црвени нерви.

Поврзано Даб Стежер Цер Сладун Дрво (материјал) Желад

Наводи

Литература

Надворшни врски

Категорија:Даб Категорија:Листопадни дрва Категорија:Флора на Европа Категорија:Дендрологија Категорија:Шумарство Категорија:Хортикултура Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија