Ранко Младеноски (1966, Подгорци, Струшко) — македонски писател, преведувач и теоретичар, професор по книжевност на Филолошкиот факултет во Штип на Катедрата за македонски јазик и книжевност, при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Биографија и творештво Младеноски работел како новинар, уредник и лектор во повеќе весници како што се „Вечер“, „Експрес“, „Македонско сонце“ и „Нова Македонија“. Исто така, бил уредник во книжевните списанија „Современост“, „Книжевна академија“, „Велес“, „Годишниот зборник“ на Филолошкиот факултет во Штип и „Палимпсест“.

Автор е на неколку збирки проза и повеќе научни дела од областа на македонската книжевност. Има објавено околу 150 интерпретации, есеи и рецензии во голем број списанија во земјава и во неколку балкански држави. Негови песни, раскази и кратки прозни лирски текстови се преведени и објавени во разни списанија на неколку словенски јазици. Преведува од српски, бугарски и хрватски на македонски јазик.

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Подгорци