1. ФК Кајзерслаутерн (), познат и само како Кајзерслаутерн или само ФКК, е германски фудбалски клуб од градот Кајзерслаутерн во западно-германската покраина Рајнска област-Пфалц. Клубот во моментов се натпреварува во 3. Лига, третото ниво на германскиот фудбал.
Клубот е основан на 2 јуни 1990, со спојување на клубовите Германија 1896 и ФГ Кајзерслаутерн, а денешното име го добил во 1933 година. Како еден од основачите на Бундеслигата, Кајзерслаутерн играл непрекинато од 1963 до 1996 година во највисоката дивизија на германскиот фудбал. Клубот е четирикратен шампион на Германија (1950–1951, 1952–1953, 1990–1991, 1997–1998), двапати освојувач на Купот на Германија (1989-1990, 1995-1996), и еднаш победник на Суперкупот на Германија. Историски гледано, Кајзерслаутерн е меѓу најуспешните фудбалски клубови во Германија, и моментално се наоѓа на десеттото место на Вечната табела на Бундеслигата. Исто така, иако нема ниту една титула во својата историја, клубот успешно се претставувал и во европските натпреварувања каде стигнал до четвртфиналето во Лигата на шампионите во 1999 како и на двапати до полуфиналето во Купот на УЕФА. Во сезоната 1997–1998, кога Кајзерслаутерн ја освоил својата последна првенствена шампионска титула клубот тоа го направил како ново промовирана екипа која влегла во првенството од понизок ранг на натпреварување, со што е единствениот клуб во германскиот фудбал кој го сторил ова. По шест години во второто ниво, во 2018 тие испаднале во 3. Лига за првпат во својата историја.
Од 1920 година, својте домашни натпревари Кајзерслаутерн ги игра на стадионот Фриц Валтер, именуван по капитенот на репрезентацијата на Западна Германија кој ја освоил светската титула во 1954. Боите на клубот се црвената и белата.
Историја
Титули Бундеслига : 4 1950–1951, 1952–1953, 1990–1991, 1997–1998 Второ место (4) : 1948, 1954, 1955, 1994
Куп на Германија : 2 1989–1990, 1995–1996 Финалист (5) : 1961, 1972, 1976, 1981, 2003
Суперкуп на Германија : 1 1991
2. Бундеслига : 2 1996–1997, 2009–2010
Поранешни играчи
Халил Алтинтоп Михаел Балак Марио Баслер Андреас Бреме Ханс-Петер Бригел Андреас Бук Томас Дули Јури Џоркаеф Михаел Дусек Хорст Екел Џералд Ерман Марко Хабер Тамаш Хајнал Рони Хелстрем Марјан Христов Мирослав Кадлец Самир Камуна Мирослав Клозе
Хари Кох Вернер Колмејер Павел Кука Штефан Кунц Вернер Либрих Роџер Луц Олаф Маршал Вернер Мелцер Лисјен Метоми Мајкл Мифсуд Торбјерн Нилсон Јерген Петерсон Јозеф Пирунг Хани Рамзи Марко Рајх Томас Ридл Аки Рихилахти Аксел Рос
Винтон Руфер Оливер Шафер Микаел Шенберг Дитмар Швагер Марк Шварцер Сириако Сфорца Ервин Скела Џеф Штрасер Игли Таре Бил Чато Клаус Топмелер Мартин Вагнер Фриц Валтер Отмар Валтер Роман Вајденфелер Тим Визе Феридон Занди
Наводи
Надворешни врски
Матична страна Статистика на 1. ФК Кајзерслаутерн
Категорија:Фудбалски клубови од Германија