Луганска Народна Република, скратено ЛНР (на , на ) — непризнаена држава во Источна Европа, прогласена во месец април 2014 година заедно со Донечката Народна Република на територијата на Луганската област која де јуре сè уште ѝ припаѓа на Украина. Географски републиката граничи со самопрогласената Донечка Народна Република на запад, Украина на север и Русија на исток и југ. Според статистиките направени од властите на ЛНР од 1 април 2018 година на нејзина територија живеат околу 1.4 милион жители.Број на населението на Луганската Народна Република од 1 април 2018 година

Иако де факто постои, Луганската Народна Република не е признаена како држава од ниту една членка на ООН. Нејзината независност ја признаваат само ДНР и исто така самопрогласената Јужна Осетија. Според Украина, ЛНР заедно со ДНР е создадена и управувана од „терористичка организација“. Со указ на претседателот Владимир Путин, од 18 февруари 2017 година, граѓаните на Луганската Народна Република може да патуваат, работат и студираат во Русија,Указ за признавање на документи издадени на граѓани на Украина и лица без државјанство кои живеат на териториите на одделните региони на Донечката и Луганската област во Украина иако Русија ја нема признаено како држава, а овој чекор го објаснува како „заштита на човековите права и слободи“, поради што украинските власти ја обвинуваат дека легално ја призна републиката.

Наводи

Категорија:Непризнаени држави и територии Категорија:Луганска област Категорија:Донбас Категорија:Држави и територии настанати во 2014 година