Чукајлица — населба и некропола од хеленистичко и римско време во атарот на селото Клисура, Македонија. На 1,5 километри северно од селото има неколку височинки. На висорамнинката од најголемата височинка јасно се забележуваат траги од акропол, чија населба лежи во подножјето. Речиси по целата површина се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. На источниот раб од населбата е откриен гроб „на две води“ со конструкција од тегули.
Поврзано Маркова Чешма — населба од неолитското време; Старо Село — населба од доцноантичко време; Црквиште — средновековна црква и некропола; Клисура; и Список на археолошки наоѓалишта во Демиркаписко.
Наводи
Категорија:Клисура (Демиркаписко)