Клаудио Мигел Писаро Босио (, р. во Каљао) — перуански фудбалер, напаѓач на Вердер Бремен и поранешен репрезентативец на перуанската репрзентација. Тој е познат како плоден стрелец со одлично чувство за постигнување голови, особено со удар со глава.
Најголемиот дел од својата кариера го поминал играјќи во германската Прва Бундеслига, каде имал два периода во Бајерн Минхен и четири во Вердер Бремен, клубови со кој освоил 17 трофеи, од кои 16 биле со Бајерн. На 23 октомври 2010, Писаро поставил нов рекорд за најмногу постигнати голови од странски фудбалеер во Бундеслигата, надминувајќи го рекордот на Џоване Елбер од 132 гола во натпреварот против Борусија Менхенгладбах. На 3 март 2016, Писаро се искачил на петтото место на списокот на стрелците во историјата на Бундеслигата со 191 гол.
Откако дебитирал за перуанската репрзентација во 1999, Писаро ја претставувал својата земја на четири турнири Копа Америка, вклучувајќи го и настапот во 2015 во Чиле на кое неговата репрезентација го освоила бронзениот медал. Во 2016 година, Писаро објавил крај на својата репрезентативна кариера во која забележал 85 настапи и 20 гола за својата нација.
Животопис Писаро е роден во Каљао, Перу, како дете на Патрисија Босио и Клаудио Писаро Давила, поморски офицер, а израснал во областа Сантјаго де Сурко во главниот град Лима. Писаро има италијанско потекло, неговите прадедо и прабаба од таткова страна биле од Бреша, додека оние од страна на мајката биле од Фратаминоре во близина на Неапол. Тој има една сестра, Патрисија, и помлад брат, Диего. Диего е исто така професионален фудбалер и играл во младинските категории на Бајерн Минхен.
Писаро е оженет со неговата тинејџерска љубов, Карла Салседо, и тие имаат два сина, Клаудио и Џанлука, и ќерка Антонела. Сите три деца се родени во Германија.
Писаро започнал да игра фудбал на рана возраст во екипата на Академија Депортива Кантолао од Каљао.
Клупска кариера Депортиво Пескеро Писаро ја започнал својата професионална кариера во екипата на Депортиво Пескеро, мал провинциски тим во градот Чимботе во северниот дел на Перу, на возраст од седумнаесет години. Неговиот прв професионален натпревар бил против Алијанса Лима во 1996 година. Тој ги постигнал својте први два гола две недели подоцна во натпреварот против Атлетико Торино во победата на Депортиво Пескеро со 2-1. Тој ја завршил сезоната 1996 со три гола во 16 настапи. Откако во следната сезона на 25 настапи постигнал 8 гола за Депортиво Пескеро, Писаро го напуштил клубот и се преселил во тогашниот шампион на Перу, Алијанса Лима во 1998 година.
Алијанса Лима Писаро постигнал 25 гола во текот на две сезони со Алијанса Лима и бил дел од тимот на Алијанса, кој го освоил второто место во Торнео Апертура првенството на Перу во 1999 година. Тој исто така направил седум настапи во Копа Либертадорес. Кратко време по неговиот успех во Алијанса, Писаро бил продаден на германскиот Бундеслигаш . Подоцна истата година, тој го заработил својот прв настап за перуанската репрезентација.
Вердер Бремен Во летото 1999 година, Писаро му се приклучил на , клуб во кој го имал своето прво европско искуство. Своето деби во Бундеслигата Писаро го имал на 28 август 1999 во натпреварот Херта Берлин-Вердер Бремен 1-1, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Дирк Флок во второто полувреме. Веќе во следниот натпревар, својот прв натпревар како стартер за Вердер, тој го постигнал својот прв погодок за клубот во победата со 5-0 на домашен терен над Кајзерслаутерн. Една недела подоцна, во само третиот свој натпревар за зелено-белите го постигнал и својот прв хет-трик во победата со 7-2 на гостувањето кај Волфсбург. Писаро бил глумец на одлична прва сезона во клубот каде на 39 натпревари постигнал 15 гола, што му го донеле епитетот Откритие на сезоната.
Откако во следната сезона додал уште 23 гола (вклучувајќи го и хет-трикот против Генк во Купот на УЕФА) во 37 настапи, разни медиуми ја пренеле вестта дека за младиот перуански напаѓач се заинтерсирани солиден број големи клубови како Реал Мадрид и Барселона од Шпанија, италијанскиот и соперниците на Вердер од Бундеслигата Борусија Дортмунд биле само некој од клубовите кој биле во трката да го доведат Писаро. Дури и од Вердер најавиле дека нема да го спречат играчот доколку тој реши да се пресели во поголем клуб. Најмногу шпекулираниот трансфер во перуанскиот фудбал го монополизирал интересот на националниот печат. Иако изгледало дека следното одредиште на Писаро е Шпанија, сепак по неколку шпекулации тој завршил во Бајерн Минхен со кого потпишувал договор на 7 јуни 2001 година.
Бајерн Минхен thumb|200px|left|Писаро во Бајерн Минхен во 2006 Своето деби за баварците Писаро го имал на 4 август 2001, во победата со 3-0 на домашен терен над Шалке 04; тој го започнал натпреварот во почетната постава како партнер во нападот на Џоване Елбер и му биле потребни само 6 минути во своето деби да го постигне својот прв погодок за минхенскиот гигант. На 18 септември 2001, го направил своето деби во Лигата на шампионите, во ремито без голови на домашен терен против Спарта Прага, влегувајќи како замена на 18-минути пред крајот. Својте први голови (два) во Лигата на шампионите ги постигнал во победата со 5-1 над Спартак Москва. На 28 ноември 2001, Писаро го освоил својот прв трофеј во кариерата откако Бајерн Минхен ја победил аргентинската Бока Хуниорс со 1-0 по продолженија во Интерконтиненталниот куп одигран во Токио. Писаро играл до 118-тата минута. Својата прва сезона во Бајерн ја завршил со 15 гола во 30 настапи во Бундеслигата, четири настапи во Купот на Германија, четири гола во 14 настапи во Лигата на шампионите, а настапил и во Интерконтиненталниот куп, и во Суперкупот на УЕФА.
Писаро бил клучен играч на Бајерн во освојувањето на двојната круна (Бундеслигата и Купот на Германија) во сезоната 2002-2003. На 31 мај 2003, тој го постигнал третиот гол за Бајерн Минхен во победата со 3-1 над Кајзерслаутерн во финалето на Купот на Германија.Ballack inspires Bayern to domestic double За време на сезоната 2002-2003 Писаро постигнал 15 гола (втор стрелец на Бајерн после Елбер и четврти во лигата) во 31 настап во Бундеслигата, два гола во шест натпревари во Купот на Германија и два гола во 7 настапи во Лигата на шампионите.
Сезоната 2003-2004 била најслабата за Писаро од неговото доаѓање во клубот. Иако на почетокот тој бил во фантастична форма, постигнувајќи гол на секој од првите четири натпревари од Бундеслигата (против Ајнтрахт Франкфурт победа 3-1, Хановер нерешено 3-3, Бохум победа 2-0 и Хамбургер победа 2-0), сепак подоцна дошло до голем пад во неговата форма и бројот на голови значително му се намалил постигнувајќи само два после зимската пауза во првенството. Неговиот мал број на голови во споредба со претходните сезони се потрефил со слабата игра на целиот тим, така што баварците ја завршиле сезоната без освоен трофеј. Писаро ја завшил сезоната со 11 гола во 31 настап во Бундеслигата, еден гол во четири настапи во Купот на Германија, како и без гол во 7 настапи во Лигата на шампионите, и во единствениот во Лига купот.
Следната сезона постигнал вкупно 21 гол за баваците во 35 натпревари во сите турнири, давајќи силен придонес во освојувањето на домашната тројна круна - Бундеслигата, Купот на Германија и Лига купот на Германија. На 2 март 2005, Писаро постигнал четири гола во победата со 7-0 на гостувањето кај Фрајбург во четвртфиналето од Купот на Германија;Pizarro schießt den Sportclub ab kicker.de тој исто така бил најдобар стрелец во ова натпреварување за сезоната со 6 постигнати гола.
Сезоната 2005-2006 популарниот Бомбер од Андите (како што бил наречен од легендарниот фудбалер на Бајерн Герд Милер) ја завршил со 11 гола во 26 настапи во Бундеслигата, пет гола во пет настапи во Купот на Германија, и еден гол во шест натпревари во Лигата на шампионите, помагајќи му на Бајерн да освои нова двојна круна (првенство и куп) трета откако Писаро бил во клубот. На 29 април 2006 година, токму тој со својот погодок во 59-тата минута го решил финалето на Купот на Германија против Ајнтрахт Франкфурт (1-0 за Бајерн).Der DFB-Pokal Sieg 2006
Договорот на Писаро со германскиот шампион истекувал на крајот од сезоната 2006-2007, а преговорите за продолжување не напредувале како што треба па некој други екипи како Севиља, Бенфика и Ренџерс најавиле дека се заинтерсирани и подготвени да влезат во игра за доведување на Писаро во својте редови. Подоцна, Писаро и дефинитивно ја одбил можноста за продолжувањето на договорот со Бајерн понуден од претседателот на клубот Франц Бекенбауер, барајќи зголемување на платата што го налутило Карл-Хајнц Румениге, кој изјавил: "Секој што сака да заработи колку што заработува Шевченко подобро да почне да игра како Шевченко".
На 19 мај 2007, во натпреварот од последното 34-то коло од Бундеслигата против Мајнц кој Бајерн го добил на домашен терен со 5-2, Писаро го постигнал својот 100-ти погодок во најсилната фудбалска лига на Германија (71 за Бајерн и 29 за Вердер) станувајќи само четвртиот странец кој постигнал преку 100 гола во Бундеслигата по Елбер, Аилтон и Стефан Шапуиза. Својата последна сезона во клубот Писаро ја завршил со 12 гола (8 во Бундеслигата и 4 во Лигата на шампионите) во 45 натпревари во сите натпреварувања.
Само ден подоцна откако влегол во клубот 100, на 20 мај 2007, Бајерн Минхен официјално на своето морежно место објавиле дека Писаро ќе го напушти клубот по истекот на неговиот договор.
Челси thumb|right|Писаро во Челси во 2008 На 1 јули 2007, официјално Писаро потпишал за англискиот Челси. Клубот од Лондон потврдил во текот на истиот ден дека тој ги завршил медицинските тестови и ги договорил личните услови за да му се приклучи на клубот со босманов трансфер, потпишувајќи четиригодишен договор. Тој бил првиот перуанец кој потпишал за Челси. Писаро, исто така, открил дека неговата одлука била под влијание на советот на неговиот тимски колега од репрезентацијата Нолберто Солано, кој играл во Англија во поголемиот дел од кариерата настапувајќи за клубови како Њукасл Јунајтед, Астон Вила и Вест Хем Јунајтед, како и Овен Харгривс, кој во тоа време играл за Бајерн Минхен.
Писаро го одбрал дресот со бројот 14, истиот број што го носел во перуанската репрезентација и во Баерн Минхен, кој за последен пат во Челси пред него го носел камерунецот Џереми. Своето деби за Челси тој го направил против Манчестер Јунајтед во ФА Комјунити Шилд 2007. Тој влегол во натпреварот како замена, меѓутоа откако победникот се решавал по изведување на пенали Писаро бил еден од тројцата играчи на Челси кој промашиле. Неговата кариера во Челси имала добар почеток, откако тој постигнал гол на своето деби во Премиер лигата во првото коло од сезоната против Бирмингем Сити. Сепак, по заминувањето на Жозе Мурињо и потпишувањето на францускиот напаѓач Николас Анелка, Писаро се нашол себеси како вишок кај новиот менаџер Аврам Грант. Писаро имал важна улога во пласманот на Челси во четвртото коло од ФА Купот, откако по неговиот шут во стативата топката се одбила од голманот Ли Кемп и завршила во мрежата за единствениот погодок во натпреварот со кој бил победен Квинс Парк Ренџерс со 1-0 на Стемфорд Бриџ во јануари 2008. Истиот месец тој го постигнал единствениот погодок во победата со 1-0 на гостувањето кај Бирмингем Сити. Ова значеше дека неговите единствени два гола во Премиер лигата за сезоната дошле во двата натпревари против Бирмингем Сити.
Враќање во Вердер Бремен