Гварани (шпански: Guaraní, знак: ₲; код: PYG) е официјалната валута на Парагвај. Гвараните теоретски се поделени на центи, но поради инфлација истите не се во употреба.

Историја Поради инфлација на парагвајското пезо, законот за воведување на парагвајските гварани бил донесен на 5 октомври 1943 година. Замената на пезото со гвараните било 1 гварани = 100 пезоси. Гвараните за првпат биле издадени во 1944 година. Помеѓу 1960 и 1985 година, гвараните биле врзани со американскиот долар, во соодност 1 долар со 126 гварани.

Монети

вредност аверс реверс пречник во мм тежина во грам прво издавање слика од аверс слика од реверс 50 ₲ маршал Хосе Феликс Естигарибија Брана Акарај 19 1 1975 100 ₲ генерал Хосе Е. Дијаз Рушевини од Умаита 21 3.73 1990 500 ₲ генерал Бернандино Кабалјеро Централна банка на Парагвај 23 4.75 1997 1,000 ₲ маршал Франсиско Солано Лопес Национален панетон на хероите 25 6 2006

Банкноти вредност боја аверс реверс прво издавање слика на аверс слика на реверс 2,000 ₲ магента Адела и Селса Сперати училишна парада 2008 5,000 ₲ портокалова Карлос Антонио Лопес Лопесова палата 2016 10,000 ₲ кафеава Гаспар Родригес де Франсија сцена од револуцијата на 15 мај 1811 1962 20,000 ₲ светлосина Парагвајка Централна банка на Парагвај 2005 50,000 ₲ беж Агустин Пио Бариос гитара на Бариос 1981 100,000 ₲ зелено Роке Гонсалес де Санта Крус Брана Итаипу 1998

Наводи

Надворешни врски Парагвајски гварани

Категорија:Економија на Парагвај Категорија:Јужноамерикански валути Категорија:Валути во оптек