Хуан Бернандино Кабаљеро де Ањаско и Мелгарехо (шпански: Juan Bernardino Caballero de Añasco y Melgarejo, 20 мај 1839, Ибикуј, Парагвај – 26 февруари 1912, Асунсион)abctv.com.py – Birth date — парагвајски воен ветеран од времето на Парагвајската војна, деветти претседател на Парагвај и основач на партијата Колорадо. Тој бил водечка политичка фигура во Парагвај од раниот поствоен период па сè до либералната револуција во 1904.
Ран живот Кабаљеро е роден во Ибикуј. Тој е потомок на шпанско благородничко семејство, син на Хосе Кабаљеро де Аназко (наследник на Тупак Хуалпа) и неговата жена Мелкора Инес Мелгарехо и Генес. Тој бил женет двапати, еднаш со Марија де ла Консепсион Дијаз де Бедоја и вториот пат со Хулија Алварез. Тој имал две деца со првата жена, Рамон Кабаљеро де Бедоја и Мелкора Кабаљеро де Бедоја. Кабаљеро имал уште 90 вонбрачни деца, сите признати од него.
Воена служба Кабаљеро се приклучил на редовите во Армијата на Парагвај во 1864 година и се борел во Парагвајската војна.Hooker, T.D., 2008, The Paraguayan War, Nottingham: Foundry Books, Тој учествувал во кампањата во Мато Гросо, а подоцна бил помошник на претседателот Франсиско Солано Лопес. Поради неговата лојалност и упорност, тој напредувал во воената каериера. Тој достигнал до чин генерал на коњаница. Тој бил жив воен херој кој го заробиле Бразилците на 8 април 1870 година во близина на реката Апа после битката на Серо Кора. Кабаљеро бил пуштен во мај 1871.Historical Dictionary of Paraguay За време на неговото заробеништво тој се спријателил со Бразилците, па така нивната понатамошна поддршка била важна за неговата политичка кариера.
Наводи
Литература
Категорија:Претседатели на Парагвај Категорија:Парагвајски политичари Категорија:Родени во 1839 година Категорија:Починати во 1912 година