Итаугва (шпански: Itauguá, гварански: Ytaygua) — град во Централниот департман во Парагвај. Градот е основан во 1728 година од страна на Мартин де Баруа. Итаугва е познат по интересната уметност на њандутите и музиката. Во градот се наоѓа музејот Сан Рафаел кој има богата поставка од колонијалниот период, а воедно во градот се наоѓа и националната болница која е една од најважните институции во земјата. Итаугва е на 30 километри од Асунсион, главниот град на државата.

Потекло на поимот Името Итаугва е поврзано со потокот Итај кој тече низ регионот на градот. Зборот „ита“ означува „камен“ на гварански јазик, а зборот „гуа“ означува претставка за гварански јазик.

Култура Градот е основан на 27 јуни 1728 година за време на колонијалниот период на Парагвај. Поради тоа, и денес сè уште е присутва колонијалната уметност и архитектура во градот. Поради богата традиција на изработка на њандути, градот често се именува како „град на њандутите“. Следствено на тоа, еден од најважните елементи од културниот живот на Итаугва е „њандутскиот фестивал“. Овој фестивал се одржува секоја година, а за првпат се одржал во јуни 1970 година. Фестивалот привлекува голем број на посетители.

Население Итаугва има население од 89.449 жители, од кои 44,997 се мажи и 44,451 се жени, според Канцеларијата за статистика на Парагвај. Доминантни јазици во градот се гварански и шпански, а најголема религија е христијанството.

Соседства

Некои од поголемите соседства на градот се:

А лдама Кањада Потреро Вирхен де Гвадалупе Гвајаивити Сан Антонио Зебелјос Итаугва-Гвазу Мбокајати Кањада Патињо

Наводи

Reportaje al País. Tomo 1. Edición 2001. Asunción Paraguay. Geografía Ilustrada del Paraguay - - Distribuidora Arami S.R.L. La Magia de nuestra tierra. Fundación en Alianza. Asunción. 2007.

Надворешни врски Сенатур World Gazeteer: Paraguay

Категорија:Градови во Парагвај Категорија:Населени места основани во 1728 година