Света Петка Римска, нарекувана и Света Петка Римјанка, — помала црква во селото Враништа. Црквата се наоѓа кај ОУ „Дедо Лазор Циркоски“.

Историја

Таму постоела мала црквичка изградена по Втората светска војна, која повторно била изградена. На тоа место постоеле и два суви бреста кои никој не смеел да ги исече, но поради старост паднале и двата.

Почетокот на изградбата на црквата „Св. Петка Римјанка“ почнал во 2001 година, кога од страна на владиката г. Тимотеј бил осветен камен темелникот. Ктитори на црквата се верниците и црковниот одбор од Враништа, на чело со парохискиот свештеник Ристе Наумоски. Проектант на црквата е Петко Груевски. Фреските и иконите на иконостасот ги изработиле Васе и Тони Чурковски од Струга, а резбаниот иконостас е дело на Никола Костоски. Црквата била осветена на 16 септември 2007 година.

Галерија

Поврзано Струшко архијерејско намесништво Ложанска парохија Враништа

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Враништа Враништа