Адмиралштапската арка (англ. Admiralty Arch) е голем објект во Лондон во чиј состав се наоѓа порта со пет арки која служи како уличен и пешачки приод помеѓу Шеталиштето (The Mall), кон југозапад, и Трафалгарскиот плоштад на североисток. Архитект е Сер Астон Веб. Сврзана е со Стариот адмиралштаб, по која го носи името.
Изградбата на објектот била нарачана од кралот Едвард VII во спомен на неговата мајка кралицата ВикторијаЗа Адмиралштапската арка , иако тој не доживеал да ја види завршена. При врвот стои латински натпис со следниве зборови:
: ANNO : DECIMO : EDWARDI : SEPTIMI : REGIS : : VICTORIÆ : REGINÆ : CIVES : GRATISSIMI : MDCCCCX :
(„Во десеттата година на владеењето на кралот Едвард VII, [во чест] на кралицата Викторија, од најблагодарните граѓани, 1910“)
Адмиралштапската арка е знаменитост од I класа. Во 2000, Кабинетната служба се преселила во оваа зграда, додека седиштето сè уште им е во Вајтхол. Во градбата е сместена и Стратешката единица на премиерот.Стратешка единица на премиерот
Наводи
Категорија:Плоштад Трафалгар Категорија:Згради и градби во Вестминстер Категорија:Споменици во Лондон Категорија:Лондонски знаменитости од I класа Категорија:Едвардијанска архитектура Категорија:Архитектура од 20 век