„Црвеното класје“ (српски: Црвено класје) — југословенски филм од 1970 година, во режија на Живоин Павловиќ. Главните улоги ги толкуваат: Раде Шербеџија, Мајда Грбац и Мајда Потокар.
Синопсис Еден поранешен партизан, а по војната младински активист, оди во едно село во Штаерска, со цел да го откупи житото од селаните и да ги убеди да влезат во задругата. На почетокот, тој се соочува со неколку привидни и вистински неуспеси, но најпосле, тој ја исполнува партиската задача. Во селото е формирана задруга, но не како резултат на убедувањето, туку со помош на закани и уцени. Растргнат од тоа сознание и несреќен поради неуспехот во љубовта, младинскиот активист убива недолжен човек.РТС, Црвено класје (пристапено на 4.11.2018)
Наводи
Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови од 1970 година Категорија:Филмови на Живоин Павловиќ Категорија:Филмови со Раде Шербеџија Категорија:Филмови со Мајда Потокар Категорија:Филмови со Мајда Грбац