Полициското убиство во Алипашино Поље се случило на 26 октомври 2018 година во околу 4 часот утрината на улицата „Гетеова“ во населбата Алипашино Поље во Сараево кога непознати лица, наводно дел од т.н. „автомафија“, во близина на трговскиот центар „Бинго“ се обидувале да украдат бел автомобил Фолксваген Голф 6 со хрватски регистарски ознаки. Во тој момент случајно на местото се појавила полициска патрола Фолксваген Голф 7 кон која лицата веднаш почнале да пукаат со автоматско оружје. Извршителите веднаш избегале од местото на настанот со своите возила Фолксваген Голф 5 и Ренџ Ровер. Во патролата со реден број 1481 биле полициските службеници од станицата во Нови Град Адис Шеховиќ кој починал на лице место и Давор Вујиновиќ кој подлегнал на повредите во клиничкиот центар.
По настанот пристигнале бурни реакции од институциите и од јавноста. Полицијата на прес-конференција изјавила дека „ќе преврти сè за да ги најде сторителите“. Со соопштение излегол и претседателот на Владата на кантонот Сараево, Адем Зољ кој нагласил дека „ова е гнасен чин бидејќи полицајците воопшто не излегле од автомобилот и не го употребиле оружјето. Возилото уште било во движење кога напаѓачите почнале да пукаат во нив“. Во чест на убиените полицајци 29 октомври бил прогласен за Ден на жалоста на целата територија на Босна и Херцеговина.(босански) Од Нови Град, општината во која се случило убиството, излегле со соопштение во кое било нагласено дека според нив ова убиство е терористички акт и напад на државата, потенцирајќи дека убиството е извршено со оружје нетипично за ситен криминал како кражбата на возило.(босански)
Наводи
Категорија:Босна и Херцеговина во 2018 година Категорија:Полициски службеници убиени на должност