„Пепи и Муто“ — македонски краткометражен филм од 2015 година, криминалистичка комедија во режија на Георги Унковски кој исто така е и сценарист на филмот.
Содржина Откако е принуден на предвремено пензионирање, полицискиот инспектор Пепи е задолжен да го научи кадетот Муто, неговата замена, како да стане вистински инспектор.
Улоги Петар Мирчевски во улога на Пепи Сашко Коцев во улога на Муто Зоран Љутков во улога на началникот Јордан Симонов во улога на Васил Никола Ацески во улога на убиецот
Петиција Во 2017 година била отворена семрежна петиција со која се барало овој краткометражен филм да прерасне во серијал. До затворањето на петицијата, таа постигнала 4.086 потписи.
Наводи
Надворешни врски
„Отворена петиција: Снимање на серијал „Пепи и Муто““. www.change.org.
Категорија:Македонски филмови од 2010-тите Категорија:Краткометражни филмови Категорија:Филмови со Сашко Коцев Категорија:Филмови со Јордан Симонов Категорија:Филмови од 2015 година Категорија:Македонски дела од 2015 година Категорија:Појавено во 2015 година во Македонија