Александар Пандов (р. 1971 во Скопје) — поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата, а сега истакнат аналитичар. Како пратеник во Собранието на Македонија бил член на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Бугарија.

Во 1997 година учествувал во студентските протести против наставата на албански јазик на Педагошкиот факултет во Скопје. Како член на ВМРО-ВМРО (Вистинска македонска реформска опција, предводена од Борис Змејковски) тој претставува близок соработник на Борис Стојменов.

Животопис Рани години и образование Александар Пандов е роден во 1971 година во Скопје. Завршил историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Добро го познава англискиот јазик.

Професионални активности Работел како директор на Радио РОС. Бил ангажиран од рускиот стопанственик Сергеј Самсоненко како директор на ланецот на обложувачници Бетсити Балкан.

Политички активности Во 1997 година учествувал во студентските протести против наставата на албански јазик на Педагошкиот факултет во Скопје.

Бил пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата. Како пратеник во Собранието на Република Македонија бил чен на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Бугарија.

Како член на ВМРО-ВМРО (Вистинска македонска реформска опција, предводена од Борис Змејковски) тој претставува близок соработник на Борис Стојменов.

По смената на Љубчо Георгиевски станува дел од фракцијата која ја предводи Марјан Ѓорчев. Потоа станува член на Земјоделска народна партија на Македонија.

Тој е претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, „Гоце Делчев".

Од 2024 година, е директор на „Управа за извршување на санкции" од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Наводи

Категорија:Политичари од Скопје