right|thumbnail|Електролуминисцентна ноќна светилка (користи 0,08 W на 230 V и датира од 1960 година; пречникот ѝ изнесува 59mm)
Електролуминисценцијата се дефинира како оптичко-електрична појава кај кого се забележува емисија на светлина од одреден материјал како одговор на електричната струја што минува низ него или како резултат на влијанието на силно електрично поле.
Електролуминисценцијата е резултат на рекомбинацијата на електроните и празните простори во материјалот (кој, по обичај, е полупроводник). Возбудените електрони ја ослободуваат својата енергија во вид на фотони – светлина.
Материјали кои се користат при предизвикувањето на електролуминисценција има многу, но како најтипични меѓу нив се издвојуваат следниве:
Цинк сулфидот допингуван со одредена количина на бакар или на сребро Природниот син дијамант (кој е смеса на јаглерод и бор; може да се користи и било кој вид на дијамант со борот како допингувач) Полуспроводниците кои се резултат на сврзување на елементи од III и V група: InP, GaAs и GaN.
Поврзано Луминисценција Илуминатор Електролуминисцентна жица
Надворешни врски Преглед на историскиот развиток на електролуминисцентниот екран и откривањето на електролуминисценцијата Воведување на електролуминисценцијата во авто-индустријата од страна на американската Крајслер - 8 септември 1959. Како работат електролуминисцентните направи на Крајслер корпорацијата.
Категорија:Луминисценција Категорија:Извори на светлина Категорија:Физика на кондензираната материја