Јулија Думанска (родена на 15 август 1996) е романска ракометарка, голман на Р’мнику В’лча и на романската репрезентација.

Биографија и кариера Јулија Думанска е родена во Городенка, Украина, во семејство на спортисти. Таа почнала да игра ракомет во 2007 година на 11 години во нејзиниот роден град. Во 2011 година таа била откриена од брачниот пар Јон и Јоана Марта кој ја довеле во ЧС "Марта" Баја Маре, клуб кој, меѓу другото, има за цел да открие и да тренира нови таленти. Во 2013, Думанска била позајмена во ЧСУ Нептун Констанца, каде што била забележана на 7 јануари 2014 година, во натпревар од Лига Национала против Р’мнику В’лча. За сезоната 2014-2015, Думанска се вратила во Баја Маре. Откако следните две сезони била стандардна на голот на Баја Маре, во 2016 година по распаѓањето на клубот таа се преселила во СЧМ Крајова. Во сезоната 2017-2018, Думанска со Крајова го освоила Купот на ЕХФ и второто место во романското првенство. Во летото 2018 година, потпишала за СЧМ Р’мнику В’лча. Во август 2018, го освоила со клубот Суперкупот на Романија победувајќи го ЧСМ Букурешт.

На 5 мај 2016 година, на настанот организиран во седиштето на Министерството за млади и спорт, Јулија Думанска добила романско државјанство. Таа оттогаш е член на романската репрезентација, и досега била повикана за Европското првенство 2016 и Светското првенство 2017.

Титули Баја Маре Суперкуп на Романија (1) : 2015

СЧМ Крајова Куп на ЕХФ (1) : 2017-2018

Р’мнику В’лча Суперкуп на Романија (1) : 2018

Наводи

Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Романски ракометарки Категорија:Ракометарки на СЧМ Крајова Категорија:Ракометарки на СЧМ Р’мнику В’лча Категорија:Украински ракометарки